/ Прочитано:

1.361

ССК: Со оперативниот план за активни програми и мерки за вработување компаниите ќе ја намалуваат невработеноста

Според Сојузот на стопански комори од досегашната примена на политиките за вработување, во согласност со оперативните планови за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот на локално и национално ниво, создадени сè повеќе можности за компаниите во насока на зголемување на капацитетот и квалитетот на своите вработени. Позитивниот ефект од овие мерки се согледува преку фактот што се намалуваат давачките за компаниите и се стимулираат нивниот раст и развој, а од друга страна, се намалува и невработеноста, а се креираат услови за отворање на нови работни места.

До крајот на мај, Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) ќе спроведе три едукативни обуки за компаниите подетално да се запознаат со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, како и да ги искористат неговите придобивки. 

Од досегашната примена на политиките за вработување, во согласност со оперативните планови за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот на локално и национално ниво, создадени сè повеќе можности за компаниите во насока на зголемување на капацитетот и квалитетот на своите вработени. Позитивниот ефект од овие мерки се согледува преку фактот што се намалуваат давачките за компаниите и се стимулираат нивниот раст и развој, а од друга страна, се намалува и невработеноста, а се креираат услови за отворање на нови работни места. Вработувањата во приватниот сектор треба да бидат основа за економски напредок, па затоа повеќето активности треба да се насочат кон зголемување на конкурентноста и развојот на приватниот сектор кој ќе генерира нови вработувања“, изјави Александар Зарков, извршен директор на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Директорката на Центарот за вработување – Скопје, Слободанка Алексовска,  истакна дека компаниите сè повеќе ги користат мерките бидејќи, како што рече, ефектите се евидентни, односно со овие мерки од 2007 година досега се вработени повеќе од 40 илјади лица.

Целта е заедно со Сојузот на стопански комори на Македонија, преку заедничките едукативни сесии, компаниите детално да се запознаат со можностите од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување. Исто така, ќе имаме заедничка можност да ги идентификуваме предизвиците и потребите на бизнис заедницата во оваа насока. Наша основна задача е преку намалените трошоци на компаниите, мерките да ги мотивираат работодавачите да го зголемат бројот на својот кадар и да овозможат развој на компаниите. Во моментот, отворени се повици за повеќе од активните мерки за кои компаниите може да се информираат во центрите за вработување во нашата земја“, изјави Алексовска.

Во претстојниот периoд, компаниите преку Сојузот на стопански комори на Македонија ќе бидат информирани за едукативните обуки на кои ќе имаат можност, покрај запознавање со актуелните мерки, да разменат искуства и да дискутираат за состојбата на пазарот на трудот и реалните потреби на бизнис секторот.

А. Б.