/ Прочитано:

1.414

ССМ бара заштита на работниците од аерозагадувањето

Безбедноста и здравјето при работа се приоритет во активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија, па поради тоа ССМ бара заштита на работниците од аерозагадувањето и апелира да се почитуваат  мерките на Владата на РМ кои почнуваат од 8.1.2018 година и кои имаат за цел да ги ублажат последиците од  аерозагадувањето во Градот Скопје, се вели во денешното соопштение на ССМ.

Мерките се активираат по добиените информации дека загадувањето на воздухот последователно два дена го надминува дозволеното ниво, односно над 200μg/m3 на мерните станици во Град Скопје.

Мерките што треба да ги преземат надлежните институции се:

Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство се должни да:

– ги oслободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста;

– да се реорганизира работното време, лицата на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот;

– да ја спроведат забраната за одржување на спортски натпревари и други манифестации на отворено;

– да обезбедат услови за зголемени активности на службата за брза помош, домашната посета и патронажната служба.

Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе:

– Одлуката и контролата на веќе воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, во координација со МВР (да се користи Обиколницата).

Единиците на локална самоуправа се должни да ги спроведат:

– издавањето на одобренијата за дотур на стока во забранети зони за сообраќај со важност до 7:30 часот;

– обуките на автошколите да се реализираат во периодот од 9:30 до 14:30 и по 18:00 часот;

– да се обезбеди или бесплатен јавен превоз или намалување на цената на билетот на градскиот превоз во период на неповолни климатски услови, што би било поттик за граѓаните за користење на јавниот градски превоз;

– да се зголеми фреквенција на автобуси на ЈСП на сите дестинации;

– дневно чистење на улиците и пешачките површини;

– да ги зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла.

Владата на Република Македонија:

– ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатија и АД во државна сопственост, како и на ЕЛС да ја ограничат (до 50%) употребата на службените возила.

Градежните компании имаат обврска:

– да користат вода за намалување на прашината при градежни активности (прскање, миење гуми пред излез од градилиште итн.);

– градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да се пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро.

М.В