ССМ: Пристојна работа, достоинствен живот
„Одбележувајќи го 7 октомври – Светскиот ден за пристојна работа, Сојузот на синдикатите на Македонија истакнува дека последиците од пандемијата со ковид- 19 недвосмислено покажаа дека работниците и граѓаните треба и мора да се центарот на интерес и грижа на сите владини политики.
ССМ сите свои капацитети ги насочува во правец на преземање активности и мерки за обезбедување на пристојна работа за сите, а тоа значи работа која вклучува: заштитата на здравјето и животот на луѓето, реални и одржливи работни места, заработувачка која ќе гарантира егзистенцијална стабилност, социјална сигурност, родова еднаквост, почитување на човековите права без дискриминација и здрава животна средина.
‘Нов социјален договор за закрепнување и издржливост’ е централна тема за сите синдикати, избрана од Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) и од Европската конфедерација на синдикати (ETUC), a која ССМ како рамноправен член на светското синдикално движење, во наредниот период, ќе ја промовира и ќе ja спроведува преку сите свои активности“, соопштуваат од Сојузот на синдикати на Македонија.