/ Прочитано:

1.585

ССМ: Управниот суд потврди дека Дарко Димовски е легитимен в.д. претседател на ССМ

„Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија м-р Дарко Димовски, е легитимен в.д. претседател на ССМ, ова го потврди и Управниот суд со пресуда од 13.9.2017 година со која ја одби како неоснована тужбата на Живко Митревски против решението на МТСП бр. 08-8191/14 од 4.8.2017 година со кое бара судот да донесе решение за времена мерка против решението на Министерството за труд и социјална политика, односно решение со кое би му се забранило на лицето Дарко Димовски да го застапува како претседател Сојузот на синдикатите на Македонија сè до правосилно завршување на управниот спор“, информираат од ССМ

Според Управниот суд, со донесувањето на решението на МТСП бр.08-8191/14 од 4.8.2017 година, Министерството за труд и социјална политика  не го повредило Законот на штета на тужителот, односно Живко Митревски во согласност со член 37 став 1 од Законот за управни спорови во кој се вели дека законитоста на оспорениот управен акт, судот ја испитува во границите на барањето од тужбата, но притоа не е врзан со причините на тужбата и во согласност со член 124 став 1 алинеја 1 и 3 од Законот за општа управна постапка во кој се вели дека за ништовен се огласува управниот акт кој во управната постапка е донесен во работа од судска надлежност, или во работа за која воопшто не може да се решава во управната постапка и чие извршување воопшто не е можно.

Управниот суд одлучи дека тужбата е неоснована и во делот на посебниот предлог со кој Живко Митревски бара Управниот суд да донесе решение за времена мерка со кое се забранува лицето Дарко Димовски да се претставува и да го застапува Сојузот на синдикатите на Македонија како негов претседател до правосилно завршување на управниот спор. Судот најде дека нема услови за определување на времена мерка во смисла на член 15 став 1 во врска со член 14 став 2 од Законот за управните спорови.

„Со вака донесената пресуда уште еднаш се потврдува дека м-р Дарко Димовски е легитимно избран за в.д. претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија на седницата на Советот на ССМ од 13.11.2016 година, со поддршка од мнозинството од членовите на Советот на ССМ“, велат од ССМ.

М.В