/ Прочитано:

4.507

СТАПИ НА СИЛА СПОГОДБАТА: Државјаните на Македонија и Косово ќе патуваат во двете земји само со лични карти

Инаку, со оваа спогодба, идентично како и со веќе постојните меѓудржавни акти со соседна Албанија, Србија, потоа со Црна Гора, државјаните на Република Македонија и на Република Косово ќе можат државната граница да ја минуваат и со лични карти.

Лична карта

Граѓаните на Република Македонија и на Република Косово од викендов и официјално можат да патуваат во двете земји само со лична карта. На сила стапи Спогодбата меѓу владите на Република Македонија и на Република Косово за условите за патување на државјаните на двете земји со лични карти.

„Поаѓајќи од принципите на меѓународното право и пријателските односи меѓу двете држави, во насока на натамошно продлабочување на соработката, водени од желбата за олеснување на патувањето на државјаните на Република Македонија и Република Косово, водејќи сметка за традиционално блиските семејни и роднински врски меѓу државјаните на двете земји, особено и за потребите на често преминување на границата на лицата коишто живеат во пограничниот регион, ја склучивме споменатата Спогодба на почетокот на годинава во Приштина, а сега таа се ефектуира“, истакна заменик-министерот на МВР Агим Нухиу.