/ Прочитано:

1.207

Стапи на сила законот со кој Холандија ја забранува продажбата на марихуана на странци

Среда, 2 јануари 2013 – Радикален старт на 2013 година за Холандија, стапи на сила законот со кој се забранува продажба на марихуана на луѓето кои не се државјани на земјата. 

фото: Ројтерс

Законот, што холандската влада го усвои во 2009 година, во мај минатата година стапи на сила во три региони, а од вчера и на територијата на целата држава. Имено со законот чија што цел е да се намали криминалот и т.н. туризам кој се базира на дрога се забранува продажба на канабис и лесни наркотици во „кофи-шоповите“ низ Холандија, за лица кои немаат лична карта или друг официјален документ со кој ќе потврдат дека се Холанѓани.

За разлика од поддржувачите на законот, оние што се против сметаат дека примената на истиот ќе го уништи туризмот и дека марихуаната ќе им се продава на туристите нелегално. Еден од жестоките противници е и градоначалникот на Амстердам според кој законот негативно ќе влијае врз приходите бидејќи една третина од туристите кои доаѓаат во главниот град на Холандија ги посетуваат популарните „кофи-шопови“. 

Поради острите дебати во јавноста, конечната одлука во врска со примената на законот владата им го препушти на органите на локалната самоуправа.