/ Прочитано:

1.874

Стапија во примена законските измени за договорната камата која не смее да биде повисока од долгот

Денеска стапуваат во примена измените на Законот за облигационите односи кои се однесуваат на износот на договорната камата.

„Кога износот на стасаната, а неисплатена договорна камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече“, се пропишува во новата законска одредба.

Одредбата се применува и за неплатената камата од 1 јануари по годината во која стапката на инфлацијата била во рамките на умерена инфлација, односно до 50% на годишно ниво.

Одредбата, се пропишува во измените, не се применува од 1 јануари по годината во која стапката на инфлацијата е во рамките на голема инфлација, односно над 50% на годишно ниво.

Одлука за прогласување на година на ниска (до 3%), умерена (од над 3% до 50%) или висока инфлација (над 50%) донесува Советот на Народната банка на Република Северна Македонија.

Каматите не смеат да бидат повисоки од долгот – образложени предложените измени на Законот за облигационите односи

Предложени измени на Законот за облигационите односи во врска со износот на каматата

М.В