/ Прочитано:

2.906

Стапуваат во примена повеќе одлуки поврзани со Законот за девизно работење

При отворање девизна или денарска сметка на нерезидент, банката е должна да склучи договор со клиентот. Договорот го потпишуваат нерезидентот и банката, односно лицата овластени за нивно застапување или лицата коишто тие ќе ги овластат. Договорот за отворање сметка со нерезидент може да биде потпишан и со квалификуван сертификат издаден од овластен издавач во земјата или странство.

Евра

Во месец мај стапуваат во примена одлуки поврзани со девизното работење, сметките на резидентите и нерезидентите и наплатата и плаќањата во странски пари.

Така, на 1 мај 2016 година стапија во примена:

– Одлуката за начинот и условите за отворање и водење сметки на нерезиденти:

– Одлуката за начинот и условите под кои резидентите можат да вршат наплата и плаќање во ефективни странски пари во трансакциите со нерезиденти и

– Одлуката за начинот на кој резидентите отвораат девизни сметки.

Со првата одлука се пропишуваат начинот и условите под кои банката може да отвори и да води сметки на нерезиденти во странска валута и во денари.

Банката може да отвори сметка на барање на нерезидентот, законскиот застапник на нерезидентот или на друго лице овластено од нерезидентот или законскиот застапник, со претходно утврдување на нивниот идентитет. При отворањето на сметката, банката може да побара од нерезидентот и друга документација, во согласност со своите интерни акти, и податоци за контакт со нерезидентот, кои се доставуваат во оригинал или во фотокопија заверена од овластено лице (нотар).

При отворање девизна или денарска сметка на нерезидент, банката е должна да склучи договор со клиентот. Договорот го потпишуваат нерезидентот и банката, односно лицата овластени за нивно застапување или лицата коишто тие ќе ги овластат. Договорот за отворање сметка со нерезидент може да биде потпишан и со квалификуван сертификат издаден од овластен издавач во земјата или странство.

Банката е должна да има електронски систем преку кој во секој момент ќе има пристап до сите сметки на нерезидентот, преку повикување на идентификацискиот број на нерезидентот.

Банката е должна, на лесно достапен начин, да ги објавува видот и висината на трошоците, надоместоците и провизиите поврзани со работењето со сметката.

Банката е должна да воспостави интерни акти во кои ќе бидат уредени динамиката и потребната документација за ажурирање на податоците за нерезидентот, начинот на објавување на видот и висината на трошоците, надоместоците и провизиите поврзани со работењето на сметките и начинот на известување за нивната промена, како и начинот на воспоставување и водење евиденција за ограничените сметки.

Во Одлуката за начинот и условите под кои резидентите можат да вршат наплата и плаќање во ефективни странски пари во трансакциите со нерезиденти се определуваат начинот и условите под кои трговските друштва, трговците поединци и подружниците на странски правни лица во Република Македонија (во понатамошниот текст: резидентите), можат да вршат наплати и плаќања во ефективни странски пари во трансакциите со нерезиденти и документацијата којашто се поднесува до овластените банки за вршење платен промет со странство (во понатамошниот текст: овластената банка).

Одлуката за начинот на кој резидентите отвораат девизни сметки го пропишува начинот на кој банката може да им отвори девизна сметка на резиденти.

Банката може да отвори сметка на барање на резидентот, законскиот застапник на резидентот или на друго лице овластено од резидентот или законскиот застапник со претходно утврдување на нивниот идентитет врз основа на документацијата пропишана со оваа одлука.

Што се однесува до странските физички лица, банката ги идентификува странските физички лица кои привремено престојуваат во Република Македонија, врз основа на важечка виза за престој, односно работна виза во траeње од најмалку шест месеци.

При отворањето на сметката, банката може да побара од резидентот и друга документација, во согласност со своите интерни акти, како и податоци за контакт со резидентот.

Банката е должна да има електронски систем преку кој во секој момент ќе има пристап до сите сметки на резидентот, преку повикување матичен број, даночен број или идентификациски број на резидентот.

При отворање сметка на резидент, банката е должна да склучи договор со клиентот со кој се уредуваат аспектите за начинот на отворање, водење и затворање на сметката, приемот и извршувањето на налозите за плаќање и наплата, ажурирањето на документацијата, приливот и одливот на сметката и трошоците, провизиите и другите надоместоци поврзани со работењето на сметката коишто клиентот има обврска да ѝ ги плаќа на банката и начинот на известување во случај на нивна промена.