/ Прочитано:

924

Стартува електронското издавање на градежни дозволи: Oд понеделник одобрение за 15 дена

Петок, 31 мај 2013 – Од понеделник, 3 јуни, почнува електронското издавање на градежните дозволи. Целиот процес од аплицирање, јавно наддавање за фирмите и давање на дозволи ќе биде по електронски пат. Според предвиденото, новиот софтвер треба да овозможи дозвола за градба наместо за 45 дена да се добие за 15 дена доколку предметот е со комплетна документација.

Преку овој систем, тој што аплицира ќе има целосен увид во постапката, дали некаде документите му се заглавени или следниот чекор што треба да го направи.

Моментниот рок за издавање на одобрението за градба е 45 дена, но според ресорниот министер Јанакиевски се очекува електронскиот систем да ја скрати процедурата.

На состанокот во ЗЕЛС се разговараше и за можноста општините да ги забрзаат постапките за правење на ДУП-овите за да се формираат повеќе парцели за индивидуално домување до 300 метри квадратни.

Македонија ќе биде  прва држава во регионот која ќе издава ваков тип на одобренија по електронски пат.

ИНТЕРВЈУ Извршниот директор на ЗЕЛС, Душица Перишиќ: Електронскиот начин е вистинскиот за проблемите со чекање на шалтери да станат минато