Стартува примената на дел од измените на Царинскиот закон
Петок, 29 јуни 2012 – На 1 јули 2012 година ќе почнат да се применуваат дел од измените на Царинскиот закон предвидени со членовите , 25, 26, 27, 28, 44, 45, 46 и 47 од Законот за изменување и дополнување на Царинскиот закон („Службен весник на РМ“ бр. 44/2011).
Овие измени меѓудругото се однесуваат на:
- гаранцијата за покривање на готовинскиот долг;
- временскиот рок и постапките за плаќање на износот на давачки.
Консолидираниот текст на Царинскиот закон е објавен на akademika.com.mk.