/ Прочитано:

785

Стартува примената на дел од измените на Законот за јавни набавки

На 1 јули 2012 година ќе почнат да се применуваат дел од измените  на Законот за јавни набавки  предвидени со членовите 13, 17, 18, 20, 21, 37, 38, 39, 43 и 59 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавни набавки („Службен весник на РМ“ бр. 185/2011).

Овие измени меѓу другото се однесуваат на:

  • условите во врска со правото на учество во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
  • гаранцијата на понудата;
  • постапката со барање за прибирање на понуди;
  • посебниот начин (квалификациски систем) на доделување на секторски договори за јавни набавки (нов дел 3-а  што со овие измени беше додаден во Законот за јавни набавки).

Консолидираниот текст на Законот за јавни набавки е објавен на akademika.com.mk.