Статистички податоци за бесправно изградените објекти
„Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2018 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани 955 бесправно изградени објекти.
Според видот на објектот, бесправно се изградени 249 објекти за домување (26,1 %), 133 доградби, надградби и адаптации (13,9 %), 113 деловни објекти (11,9 %), 78 гаражи (8,2 %), 134 огради (14,0 %), 6 скалила (0,6 %), 15 тераси (1,6 %), 28 летни тераси (2,9 %), 95 настрешници (9,9 %), 13 времени објекти (1,4 %) и 91 помошен објект (9,5 %).
Најголемиот број бесправно изградени објекти (98,1 %) се во приватна сопственост“ , се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.