/ Прочитано:

1.796

СТАТИСТИКА: Домови–интернати за ученици и студенти

Државниот завод за статистика објави соопштение од областа на социјалната заштита, а во врска со домовите-интернати за ученици и студенти, за 2016/2017 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016/2017 година вкупниот број ученици-студенти сместени во домовите за ученици во основното и во средното образование и во студентските домови изнесува 6755, што претставува намалување за 6.5% во однос на 2015/2016 година. Во домовите за ученици кои посетуваат средни верски училишта се сместени 256 ученици.

Со годишните извештаи се опфатени 37 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови.

Ученичките и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти за време на школувањето вон местото на постојано живеење на родителите-издржувателите.