/ Прочитано:

967

Статистика и компаративни податоци: Намален бројот на склучени бракови

Државниот завод за статистика објави соопштение за природното движење на населението во Република Македонија во првото тримесечје од 2018 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 1,6 % и изнесува 5.255 живородени деца.

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2018 година бележи намалување од 11,4 % во споредба со истото тримесечје од 2017 година и изнесува 5.432 лицa, а од нив 22 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува -177, што значи за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 1,3 % во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 2.532 бракови. Во ова тримесечје се добиени 520 извештаи за разведените бракови.

М.В