/ Прочитано:

1.416

СТАТИСТИКА: Намален број на бракови и разводи

Државниот завод за статистика објави соопштение за природното движење на населението во Република Македонија, во првото тримесечје од 2017 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 3.6% и изнесува 5 340 живородени деца.

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2017 година бележи зголемување од 11.6% во споредба со истото тримесечје од 2016 година и изнесува 6 132 лицa, а од нив 67 се умрени доенчиња.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 7.0% во споредба со истиот период од 2016 година и изнесува 2 566 бракови.

Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат намалување од 21.8% во споредба со истиот период од 2016 година и нивниот број изнесува 519.

М.В