/ Прочитано:

947

Статистика: Намaлeн бројот на бракови и живородени деца во споредба со истиот период лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2018 година во споредба со истиот период лани е намален за 6,3 % и изнесува 5.160 живородени деца. Бројот на умрени лица во второто тримесечје од 2018 година бележи зголемување од 1,1 % во споредба со истото тримесечје од 2017 година и изнесува 4.683 лицa, а од нив 17 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 477, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица. Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 1,4 % во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 3.413 бракови. Разведените бракови во ова тримесечје бележат намалување од 19,4 % во споредба со истиот период од 2017 година и нивниот број изнесува 394.