/ Прочитано:

1.469

СТАТИСТИКА: Намален е бројот на осудени полнолетни лица, но зголемен е бројот на осудени деца во судир со законот – сторители на кривични дела

Државниот завод за статистика објави соопштение за пријавени, обвинети и осудени полнолетни сторители на кривични дела и деца во судир со законот за 2016 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители, во 2016 година, во споредба со 2015 година, е намален за 23.0%.

Во 2016 година, во споредба со 2015 година, бројот на осудените полнолетни лица е намален за 20.8%, а бројот на обвинетите лица, исто така, е намален за 22.0%.

Бројот на пријавени деца во судир со законот – сторители на кривични дела, во 2016 година, во споредба со 2015 година, е намален за 24.0%.

Во 2016 година, во споредба со 2015 година, бројот на осудени деца во судир со законот – сторители на кривични дела е зголемен за 34.5%.

М.В