/ Прочитано:

1.985

СТАТИСТИКА: Природно движење на населението во второто тримесечје од 2017 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7.2% и изнесува 5205 живородени деца.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2017 година бележи намалување од 6.1% во споредба со истото тримесечје од 2016 година и изнесува 4544 лицa, а од нив 54 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 661 лицe, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината бележи зголемување за 7,8% во споредба со истиот период од 2016 година и изнесува 3447 бракови.

Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување од 13,5% во споредба со истиот период од 2016 година и бројот изнесува 436.

М.В