/ Прочитано:

1.268

СТАТИСТИКА: Просечната нето-плата во јуни изнесува 22.808 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2017 година во однос на јуни 2016 година, изнесува 102.8.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (20.0%), стручни, научни и технички дејности (9.8%) и рударство и вадење камен (7.4%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: рударство и вадење камен (7.5%), градежништво (4.1%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.0%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2017, изнесува 22.808 денари.

Во јуни 2017 година, 1.1% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

М.В