/ Прочитано:

1.103

СТАТИСТИКА: Вредност на договорените и извршените градежни работи во странство за периодот јануари – јуни

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-јуни 2017 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.300.778 илјади денари, што е за 13.9% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 757.025 илјади денари, што е за 23.9% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Холандија и Германија. Вредносните податоци за периодот јануари-јуни 2017/2016 година се дадени врз база на паритетот 1 американски долар = 58.3258 денари.

М.В