/ Прочитано:

1.005

Статутите на неколку универзитети на комисиска расправа во Собранието

Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Статутот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Статутот на  Универзитетот  во Тетово се на дневен ред на собраниската Комисија за образование и наука.

„Постојните универзитети и единиците во нивниот состав и самостојните високообразовни установи запишани во Регистарот на високообразовните установи во Република Македонија во рок од 3 месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон ќе го усогласат своето работење, ќе ги донесат статутите и другите општи акти утврдени со овој закон.

Статутите и другите општи акти на високообразовните установи донесени пред стапувањето во сила на овој закон, престануваат да важат по истекот на рокот за усогласување со одредбите на овој закон рокот определен со ставот (1) на овој член.

До донесувањето на статутите и другите општи акти од ставот (1) на овој член, односно до истекот на рокот за нивно донесување, ќе се применуваат постојните општи акти“, се пропишува во членот 214 од Законот за високото образование.

М.В