/ Прочитано:

993

Статутот и правното организирање на Европската ракометна федерација

Македонскиот првак Вардар - ПСЖ во машка конкуренција е новиот европски ракометен владетел, совладувајќи ја екипата на ПСЖ со 24:23. Европската ракометна федрација (EHF) е организација на 50 федерации членки од европскиот континент и 2 асоцијативни членки – Англија и Шкотска, со седиште во Виена, Австрија. Федерацијата е основана на 17 ноември 1991 година во Берлин, а актуелен претседател е Михаел Видерер од Австрија. EHF има свој статут кој ги уредува односите во федерацијата, настаните што таа ги организира, телата во состав на федерацијата и односите на федерацијата со нејзините членки. Таа се потпира врз принципите на пријателство и меѓусебно разбирање помеѓу членките, а дискриминација врз основа на политика, раса и религија  е забранета.

Со натпреварот Вардар – ПСЖ, вчера во Келн заврши финалниот турнир „Фајнал фор“ во организација на Европската ракометна федерација (EHF). Македонскиот првак во машка конкуренција е новиот европски ракометен владетел, совладувајќи ја екипата на ПСЖ со 24:23.

Европската ракометна федрација е организација на 50 федерации членки од европскиот континент и 2 асоцијативни членки – Англија и Шкотска, со седиште во Виена, Австрија. Федерацијата е основана на 17 ноември 1991 година во Берлин, а актуелен претседател е Михаел Видерер од Австрија.

EHF има свој статут кој ги уредува односите во федерацијата, настаните што таа ги организира, телата во состав на федерацијата и односите на федерацијата со нејзините членки. Таа се потпира врз принципите на пријателство и меѓусебно разбирање помеѓу членките, а дискриминација врз основа на политика, раса и религија  е забранета. Официјални јазици се англискиот, германскиот и францускиот и комуникацијата помеѓу федерацијата и членките се одвива на еден од овие јазици.

За една држава да стане членка на федерацијата, потребно е да ги признава статутот и правилата на EHF и федерацијата на таа членка да донесе одлука за пристапување кон неа, а доколку се реши да истапи од федерацијата, земјата членка треба да донесе одлука за истапување и да ја извести EHF 6 месеци однапред.

Во EHF постојат 15 тела од кои главен е Конгресот како највисоко тело каде што членуваат сите земји членки и секоја од нив има право на еден глас со тоа што може да делегира максимум 3 претставници, а доколку некоја членка не ја намирила својата членарина кон EHF, го губи правото на глас сè додека не ја намири обврската.

Во правниот дел од организацијата на EHF, основан е ракометен суд кој има надлежност за дисциплински постапки во прв степен (основен суд), а жалба на тие одлуки се поднесува до Апелацискиот ракометен суд.

Првостепениот суд брои 9 или 10 членови од кои еден е претседател, двајца заменици претседатели, 5 или 6 членови и до 2 члена од различен пол кои настапуваат доколку во една постапка не е застапен едниот или другиот пол.

Апелацискиот суд е одговорен за второстепени прашања кои се однесуваат на жалбите во врска со дисциплинските повреди и постапки кои се воделе пред основниот суд, вклучувајќи и административни повреди при кршење на правилата на EHF.

Слично како и првостепениот суд, Апелацискиот суд има 7 или 8 членови од кои еден претседател, еден заменик претседател, 4 или 5 членови и до 2 члена од различен пол кои настапуваат доколку во една постапка не е застапен едниот или другиот пол.

Сите членови на телата во Европската ракометна федерација имаат мандат со траење од 4 години.

Како последна инстанца на вонреден правен лек во Статутот е предвиден Арбитражниот суд кој решава во трет степен во рок од 21 ден од доставувањето на жалбата. Постапката пред Арбитражниот суд е уредена според правилата за арбитража на EHF и австрискиот Граѓански законик.

С. М.