/ Прочитано:

1.610

Став на „Фајнанс тинк“ за објавувањето на износот на неплатени обврски од страна на централната и локалната власт


Министерството за финансии го објави износот на достасани, а неисплатени обврски од страна на државата, државните претпријатија и локалната самоуправа. Тој износ изнесува 22.3 милијарди денари или 363.2 милиони евра. Овој износ е 3.5% од БДП и 7.7% од јавниот долг.

Објавувањето на овие податоци, велат од  „Фајнанс тинк“, може да се смета за еден од столбовите на фискалната транспарентност и треба да стане практика најмалку врз квартална основа, со цел експертската и општата јавност да не бидат доведувани во заблуда околу висината на јавните долгови.

Во однос на износот на овој досега скриен долг, „Фајнанс тинк“ укажува дека тој не е драматичен, иако таков долг не треба воопшто да постои. Оттука, се очекува од Владата и Министерството за финансии во иднина да не шпекулираат и да не лиферуваат разни бројки во врска со сензитивни информации за јавноста, додека таквите бројки не станат конечни, како што е тоа случај сега.

„Фајнанс тинк“ го повикува министерот за финансии да предложи план за намирување на овие обврски и да образложи како тоа ќе се рефлектира врз буџетската ликвидност, буџетскиот дефицит и јавниот долг.

Министерство за финансии: Вкупните неплатени обврски на државните институции изнесуваат 363 милиони евра

М.В