/ Прочитано:

606

Став на Меѓаши за децата исклучени од воспитно-образовниот процес поради непримени вакцини

По повод последните настани во врска со уписите и почетокот на тековната учебна година, Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија, изразува загриженост поради фактот што денес има деца кои би требало да одат во прво одделение, а сè уште се надвор од образовниот систем поради непримени вакцини во согласност со календарот за имунизација.

„Имено, Првата детска амбасада Меѓаши апелира до Владата да го преиспита заклучокот донесен на 135. седница одржана на ден 14 мај 2019 година, каде што во точка 32 заклучува: ‘(1) Во било кое училиште можат да се запишат исклучиво деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ/потврда’, понатаму: ‘(2) Во сите училишта да се примаат пријавите за упис во училиштата и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши упис на истите сè додека не биде приложен соодветен документ/потврда за вакцинација.’

Детската амбасада Меѓаши укажува дека со горенаведените заклучоци, а особено со првиот заклучок, се врши и се поттикнува директна дискриминација врз основа на Законот за основното образование, каде што децидно е забележано во членот 5: ‘(1) Во основното воспитание и образование се забранува секоја директна или индиректна дискриминација, повикување и поттикнување на дискриминација и помагање во дискриминаторско постапување по основ на пол, раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, попреченост, род, сексуална ориентација, родов идентитет, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, други видови уверувања, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба и општествен статус или која било друга основа која е предвидена со закон или со меѓународен договор ратификуван согласно Уставот, во остварување на правата од основното образование.’

Понатаму, со заклучокот број 2, донесен на гореспоменатата седница, се создаваат услови на конфузија помеѓу образовната управа задолжена да постапува по пријави за упис на деца во градинка и училиште, како и меѓу родителите.

Заклучокот е нејасен и дозволува слободно толкување од страна на воспитно-образовната управа при постапување по индивидуалните пријави за упис на деца, што е состојба евидентна денес кога имаме деца кои се невакцинирани  и запишани и деца кои се сè уште незапишани во училиште/ градинка.

Како резултат на последното, македонското општество се соочува со голем број деца и вон предучилишните установи – градинки, а неодамна и со немил настан кога дете првоодделенче беше директен сведок на употреба на сила при неговото отстранување од училишниот простор заедно со неговиот родител, исклучиво заради конфузијата која е предизвикана како дејствие поттикнато од втората точка на заклучокот на горенаведената владина седница.

Детската амбасада Меѓаши, покрај овој апел, укажува и на тоа дека во светот веќе долги години постојат и функционираат форми на образование надвор од традиционалниот систем на институција – училиште. Денешните можности кои ги нуди комуникациската технологија дозволуваат децата, кои имаат, пред сè, право на образование, тоа да го добијат на друг начин кој веќе се користи во развиените земји,.

Ја поттикнуваме Владата, со цел почитување на правото на најдобар интерес на детето, да ги разгледа опциите како што се: учење од дома (homeschool), учење на далечина (distance learning) и други форми на образование актуелни во светот, кои и тоа како ќе олеснат и ќе обезбедат соодветно образование признаено во светски рамки за деца и младинци кои имаат потреба од нетрадиционална форма на образование.

Меѓаши стои на располагање за соработка со Владата и надлежните институции, прашањето за алтернативните начини на образование да се актуализира на ниво достојно на важноста на темата – право на најдобар интерес на детето и правото на образование“, соопштуваат од Меѓаши.

МЕЃАШИ: Да се најде решение за овозможување на правото на образование на секое дете

Правата и обврските на учениците според Законот за основното образование

Граѓански организации: Новиот Закон за основното образование е чекор напред во заштитата од дискриминација и насилство

Предлог-законот за основното образование има сериозни недостатоци, велат од  Мрежата за заштита од дискриминација

Јавна расправа за Предлог-законот за основното образование

Целосниот текст на новиот Предлог-закон за основното образование

Во подготовка Закон за наставници во основните и средните училишта и Закон за основното образование

Потребни се реформи за сите деца да имаат право на еднакви можности за учење

Правата и обврските на учениците според Законот за основното образование

Законски измени за непречено остварување на правото на бесплатен превоз на учениците

Во подготовка втората верзија на Законот за основното образование

Што се предвидува во Предлог-законот за основното образование, кој се очекува да биде донесен пред новата учебна година

Клучните промени во основното образование и новите наставни планови и програми за прво одделение

РЕВИЗИЈА НА НАСТАВНИТЕ ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ: Да се развие љубов, а не фрустрација кон учењето

Ревизија на учебниците од дискриминаторски содржини, говор на омраза и невистинити факти

Ќе се намалува бројот на предмети во училиштата

За квалитетно основно образование, потребни се јасни учебници и мотивирани ученици

ПЕТКИ ВО ДНЕВНИК – ЕДИНИЦИ НА ПИСА: Тркалезна маса за подобрување на квалитетот на основното образование

М.В