/ Прочитано:

887

Поради службено патување, Ставрески повторно не се појави на судењето со ГЕМ

Понеделник, 17 јуни 2013 – Министерот за финасии Зоран Ставрески, не се појави на денешното рочиште во Основниот суд Скопје 2,  каде здружението Граѓани за европска Македонија (ГЕМ) го тужи за клевета.

Адвокатот на Ставревски, Никола Додевски изјави дека министерот е оправдано отсутен, односно дека е на службено патување. 

Судскиот спор против Ставрески трае повеќе од две години, а тој се нема појавено на ниту едно од претходните судски рочишта. Во Основниот суд Скопје 2, денеска се одржа првата главна расправа, бидејќи со декриминализацијата на клеветата, постапката од кривична се префрли во граѓанска. ГЕМ го тужи Ставрески за клевета, поради, како што велат, обвинувањата на министерот дека тие се дел од стратегијата „Надеж“ која била создадена за насилно уривање на уставниот поредок. Оваа изјава, според тужителите, Ставрески ја дал на прес-конференција на 30 октомври 2010 година.