/ Прочитано:

2.889

Стипендии oд Министерствoтo за надворешни и европски работи на Луксембург

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ објави соопштение во врска со стипендии oд Министерствoтo за надворешни и европски работи на Луксембург.

Министерството за надворешни и европски работи на Луксембург (МНЕРЛ) нуди три стипендии за претставници припадници на правосудството, претставници на организации од граѓанскиот сектор и правни професионалци од следниве земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција.

Целта на стипендиите е да им овозможи на тројца кандидати кои веќе имаат започнато кариера да ја дополнат со мастер програма по европски правни студии (MELS Online) во Луксембург. Стипендијата е наменета за апликанти со потреба од финансиска помош.

Апликацијата на англиски и француски, како и промотивни материјали и повеќе информации за правилата и барањата може да најдете на линковите подолу:
Линк1;  Линк2;  Линк3;  Линк4;  Линк5.

Од пријавените кандидати, Комитет за избор ќе избере 6 кандидати кои ќе бидат поканети на интервју.

Крајниот рок за аплицирање е 25 јуни 2017 година.