/ Прочитано:

664

Стипендии за кратки студиски престои во Велика Британија за 2022 година

Британскиот фонд за стипендии – British Scholarship Trust доделува  до 6 стипендии за кратки студиски престои (од 1 до 3 месеци) за млади истражувачи од Република Северна Македонија на соодветни високообразовни и научни истражувачки институции во Велика Британија за 2022 година.

Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон и 1000 фунти месечно за институции во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци паѓаат на товар на кандидатите.

Услови  за конкурирање:

·         Завршени академски универзитетски студии од прв циклус со просечен успех над  8,00;

·         Одлично познавање на англиски јазик;

·         Да не се постари од 30 години;

·         Да имаат обезбедена согласност од соодветна институција од Велика Британија за реализација на студискиот престој.

Потребни документи за конкурирање:

1.      Молба,  вклучително  адреса на живеење,  е- mail и контакт телефон ;

2.      Биографија (CV);

3.      Предлог програма за истражување, на една страна, формат А4;

4.      Согласност од институцијата во Велика Британија за прифаќање на  студискиот престој;

5.      Копија од диплома за завршено образование;

6.      Две препораки од универзитетски професори или истражувачи, во запечатени пликови; 

7.      Потврда за познавање на англискиот јазик ( ТОЕФЛ, ИЕЛТС или слично) и  

8.      Пополнета апликација (од www.britishscholarshiptrust.org ) и две фотографии.

Пополнетата апликација и другите потребни документи треба да се поднесат во Министерството за образование и наука, на англиски јазик,  на адреса:

ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр.54, 1000 Скопје,

Одделение  за меѓународна соработка во образованието и науката

Крајниот рок за поднесување на документите е 01 март 2022 година. 

Подетални информации може да се обезбедат преку www.britishscholarshiptrust.org или на e-mail: aleksandar.tutnovski@mon.gov.mk.