/ Прочитано:

979

Стипендии за студии од прв, втор и трет циклус на студии во Турција

Амбасадата на Република Турција во Скопје известува дека Центарот за меѓународно истражување по морско право (ДЕХУКАМ) во рамките на Универзитетот Анкара, петта година по ред овозможува запишување на студенти од Република Северна Македонија на студиски програми од прв, втор и трет циклус, за што, постои можност и за добивање на стипендија.

Академската 2022-2023 година ќе започне во септември 2022 година, а ќе заврши во јуни 2023 година.

Повеќе информации во врска со студиските програми сите заинтересирани можат да обезбедат преку интернет страницата на ДЕХУКАМ http://dehukam.ankara.edu.tr/. Додека информации во врска со можностите за стипендирање се достапни на следниот линк https://www.turkiyeburslari.gov.tr, каде воедно и се аплицира најдоцна до 20 февруари.