/ Прочитано:

730

Стопанската комора бара да се зголемат средствата од Буџетот за образованието

Клучот за економски развој на земјата и општеството во целост се вложувањата во квалитетно образование, кое ќе испорачува способни, компетентни и разумни здрави млади луѓе, кои се подготвени, но и одлучни да се вклучат во сите работни процеси, велат од Стопанската комора.

Економијата и општеството мора да се потпираат на знаење и стручност бидејќи само така се овозможува зголемување на продуктивноста во работењето и зголемување на производството и квалитетот на производите, долгорочно планирање на развојот на бизнисот и новите инвестиции.

„Колку ни е значајно ова прашање потврдуваат анализите што ги прави Стопанската комора на Македонија од областа на образованието и потребите на деловната заедница, а токму последната анализа беше фокусирана на состојбите во образованието со препораки за воспоставување квалитетно образование – ‘Образование за 21. век’. Паралелно, Стопанската комора на Македонија организираше неколку настани: трибина со учество на сите заинтересирани страни на тема: ‘Предизвици за подобрување на дуалното образование – идни чекори’; две тркалезни маси на тема: ‘Можности за пазарно ориентирано неформално образование’ и ‘Дуалното образование и промоција на занимањата за квалитетен стручен кадар’ и последната панел-дискусија со учество на бизнис-секторот на тема: ‘Стручен кадар по мерка на бизнисот’“, истакнуваат од Комората.

Тоа што беше констатирано на овие настани само ги потврди заклучоците и препораките од анализата која беше спроведена од Стопанската комора на Македонија.

Имајќи предвид дека заклучоците и препораките се однесуваат на неколку аспекти од вкупната реформа на образовниот процес, на оваа прес-конференција, намерата е да ставиме акцент на финансирањето на образованието, како еден значаен фактор кој треба да придонесе за успешно реализирање на реформските процеси кои се веќе започнати.

Во тој контекст, Стопанската комора на Македонија бара да се зголеми процентот на издвојување средства од Буџетот за финансирање на образованието, и тоа за 50% од средствата што сега се одвојуваат, или од сегашните 3,7% од БДП да се зголеми на 5%.

„Ваквото барање го оправдуваме со фактот дека средствата што сега се одвојуваат не само што не се доволни, туку се и далеку под просекот предвиден од ОЕЦД“, велат од Комората.

Имено, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, од 2011 до 2016 година трошоците за образование во нашата земја како процент од БДП дури и се намалиле од 4,6% на 3,7 %. Овој процент, 3,7%, на издвојување од БДП за образование го имаме и денес, според проекциите на Министерството за финансии.

За споредба, просекот на земјите во ОЕЦД е 5,0% од БДП. Нашата земја одвојува за 25% помалку средства од овој просек, а земјите кои имаат раст и успех во образовниот систем имаат поголеми одвојувања од Буџетот за таа намена. Словенија одвојува 4,3% од БДП или 14% помалку од просекот на ОЕЦД, а Финска пак 5,7 % од БДП или 35% повеќе од одвојувањето што го прави нашата земја во однос на БДП.

Утврден дополнетиот предлог за измени на Буџетот

За квалитетно образование треба да се инвестира, наместо да се кратат средства

Пред Комисијата за буџет продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Ребалансот на Буџетот на дневен ред на собраниските комисии

Ребалансот на Буџетот пред пратениците

МЕЃАШИ: Да се најде решение за овозможување на правото на образование на секое дете

Правата и обврските на учениците според Законот за основното образование

Граѓански организации: Новиот Закон за основното образование е чекор напред во заштитата од дискриминација и насилство

Предлог-законот за основното образование има сериозни недостатоци, велат од  Мрежата за заштита од дискриминација

Јавна расправа за Предлог-законот за основното образование

Целосниот текст на новиот Предлог-закон за основното образование

Во подготовка Закон за наставници во основните и средните училишта и Закон за основното образование

Потребни се реформи за сите деца да имаат право на еднакви можности за учење

Правата и обврските на учениците според Законот за основното образование

Законски измени за непречено остварување на правото на бесплатен превоз на учениците

Во подготовка втората верзија на Законот за основното образование

Што се предвидува во Предлог-законот за основното образование, кој се очекува да биде донесен пред новата учебна година

Клучните промени во основното образование и новите наставни планови и програми за прво одделение

РЕВИЗИЈА НА НАСТАВНИТЕ ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ: Да се развие љубов, а не фрустрација кон учењето

Ревизија на учебниците од дискриминаторски содржини, говор на омраза и невистинити факти

Ќе се намалува бројот на предмети во училиштата

За квалитетно основно образование, потребни се јасни учебници и мотивирани ученици

ПЕТКИ ВО ДНЕВНИК – ЕДИНИЦИ НА ПИСА: Тркалезна маса за подобрување на квалитетот на основното образование

М.В