/ Прочитано:

1.874

СТРАТЕГИЈА ЗА РЕФОРМА НА ПРАВОСУДСТВОТО: За праведно застапување на клиентите, адвокатите мора да имаат соодветна заштита и голем број на привилегии

Консултативен состанок во врска со подготовката на Стратегијата за реформа на правосудниот систем 2016 – 2020 година, изработена со стручна и логистичка поддршка на Проектот за подготовка на програмата за поддршка на правосудниот сектор и ИПА 2010 проектот за понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и промоција на условната казна и алтернативните мерки, се одржа денеска во Скопје. Адвокатската комора и другите здруженија нa правници треба оптимално да ја одиграат својата улога во едно демократско општество засновано на владеењето на правото, во согласност со меѓународните стандарди и стандардите на Европската унија. Со цел целосно и праведно да ги застапуваат нивните клиенти, неопходно е тие да имаат соодветна заштита и голем број на привилегии, се посочува во Стратегијата.

На денешниот состанок во врска со подготовката на Стратегијата присуствуваа претставници од Судскиот совет, Врховниот суд, апелациските судови, основните судови, Управниот суд и Вишиот управен суд, Советот на јавни обвинители, Јавното обвинителство, Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Академија за судии и јавни обвинители, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Управата за извршување на санкциите, Адвокатската комора, Нотарската комора, Комората на извршителите, Комора на медијатори, како и невладини организации.

„Стратегијата се однесува на долгорочната реформа на македонскиот правосуден сектор, кој претставува комплексен систем од меѓусебно поврзани институции и области што се протегаат низ разни гранки на власта (судска, извршна и законодавна), а при тоа ги вклучува и независните тела, како и приватните дејности и професионалните здруженија“, истакна министерот за правда Аднан Јашари на состанокот.

Стратегијата за судството

„Во насока на зајакнување на судството во однос на другите гранки на власта, акцентот треба да биде ставен на зајакнување на стратешкото планирање, финансиските и комуникациските капацитети на системот на управување на судството. Процесот неизбежно ќе бара значителни регулаторни и институциски иницијативи, кои ја надминуваат краткорочната перспектива. Со тоа, органите задолжени за стратешко планирање и регулаторен развој, буџет и финансиски менаџмент, квалитет и перформанси за управување, етиката и дисциплината (итн.) ќе бидaт зајакнати како на стратешко така и на оперативно ниво,за да се овозможи судството да биде ефективно и да зборува на еден глас кога се работи за законски иницијативи кои директно влијаат врз управувањето со правосудството, овозможувајќи соодветно обезбедување и распределба на финансиски ресурси и комуникација со јавноста“, се вели во Предлог- стратегијата.

Понатамошни чекори кон зацврстување на сите буџетски и јавни капацитети за финансиски менаџмент на судството, ќе се преземат по пат на воспоставување посветени финансиски единици оформени во сите судови во рамките на одреденo апелационо подрачје. Меѓу останатите резултати, транспарентноста во функционирањето на судството ќе се обезбеди преку олеснет пристап и информации достапни за јавноста и медиумите за судските рочишта, состаноци и останати релевантни постапки. Овие промени треба да направат големо влијание врз начинот на кој судството ќе ги гради односите со другите гранки на власта и општеството во целина.

Подобрување на компетентноста во судството ќе бидe поттикнато по пат на реформи на системот за управување со перформансите и зајакнување на системите за почетна и континуирана обука, особено преку зајакнување на капацитетите на Академијата за судии и јавни обвинители (AСЈО).Во случај на упразнето судиско место ќе се спроведуваат огласи за избор на судии и тоа за секое судиско место врз основа на новиот систем за управување со перформансите, но во исто време да се запази постапката за оценување на судиите врз основа на критериумите на транспарентност, заслуги и постигнат успех во службата.Ќе бидe поставен eфикасен механизам да се спроведе она што е планирано, резултатите, оценувањата на судиите и судовите, ќе се врши оценка на општото мислење од страна на судството за имплементација на политиката на квалитет и постапувањето по поединечните предлози и претставки. Згора на тоа, истражување за задоволството на корисниците ќе се користи како дел од новиот систем за управување со перформанси, на тој начин овозможувајќи на јавноста да има анализа за тоа како судството ja оценува неговата ефикасност.Исто така се предлагаат механизмите преку кои ќе се постигне поголема воедначеност на судската пракса преку зајакнати истражувања и анализа на капацитетите на повисоките судови.

Развојот и усогласувањето на високите стандарди на однесување и етичките принципи – и транспарентноста во информирањето на јавноста – обезбедува виталнa основа за спроведувањето на правдата, и ги заштитува лицата од судството од несоодветно влијание, додека, исто така, поттикнува доверба кај јавноста. Предвидени се различни пристапи за да се подобри постојната етичкa и дисциплински рамка, правејќи ги јасни правилата за судиите и за пошироката јавност, и при тоа во текот на дисциплинската постапка почитувајќи ги сите права на судијата, кои се однесуваат на правично судење согалсно ЕКЧП.Покрај тоа, ќе се преземат чекори за ефективна истрага за дисциплинските мерки, со што би се помогнало справувањето и спречувањето на било можни злоупотреби или недостаток на одговорност од страна на судството.Механизмот ќе обезбеди поголема јасност, предвидливост и постојано следење на примената на етичките и дисциплинските правила, особено правилата кои се однесуваат на спречување на судирот на интереси и корупцијата.Други важни алатки за да се зголеми одговорноста лежат во разгледување на прашањето на судскиот имунитети (истовремено обезбедувајќи заштита од прекумерен притисок или злоупотреба), како и зајакнување на механизмот на објавување на изјавите за приходи, средства и расходи. Потребно е соодветно разгледување на надлежностите со цел да се справат со постарите случаи , и да обезбедат поголема еднообразност на судската пракса.

Покрај тоа, информатичките технологии кои се на располагање како клучни алатки за подобрување на пристапот во судството и ефикасноста на судовите и управувањето со предметите.Напорите за зајакнување на капацитетите на е-правда на судовите ќе се фокусира на внатрешни (системи за управување со предмети) и надворешни (веб-сајтови) информациски системи (ИС), барајќи поголема интероперабилност на судовите со другите органи на власта.Зголемувањето на употребата на е-правда ќе им овозможи на корисниците да аплицираат до судот, плаќаат судски услуги, учествуваат во постапката и да ги добијат сите релевантни документи по електронски пат.На судиите, ќе им се овозможи практичен и ефикасен начин за целосно управување и следење на предметите по електронски пат, што ќе овозможи поефикасно управување со ресурсите и ќе се зголеми продуктивноста“.

Стратегијата за казнeнo-поправниот систем

„Импулсот за реформа на кривично правниот систем зема  замав со стапувањето во сила на новиот Закон за кривична постапка. Сепак, одредени предизвици за ефикасно спроведување на законската рамка постојат и понатаму. Особено, ЈО во моментов се соочува со неколку стратешки предизвици, околу институционалните реформи, обидувајќи се да се доближи до европските стандарди и најдобрите меѓународни компаративни искуства. Подобрувањето на независноста, компетентноста, одговорноста и ефикасноста на ЈО е од клучно значење во овој поглед. Треба да се зајакне независноста и на структурно ниво (во однос на другите институции) и на функционално ниво (на поединечните обвинители). Со цел да се одговори на овие предизвици, стратегијата, исто така, се фокусира на понатамошни реформи и појаснување на етичката и дисциплинската рамка, управувањето со перформансите, и системите за професионална обука на обвинители.

Исто така, во подоброто рационализирање во кривичната постапка помеѓу спротивставените и инквизиторски пристапи наложува зголемување на правата на одбраната во фазите на претходната постапка и главната расправа, посилни капацитети за справување со сведоци, појасни и предвидливи процедурални правила и практики, вклучувајќи формални стандарди за докажување на вина, на ризик (за цели на притвор), конфискација и др.

Додека цврстите и  сеопфатни политики за борба против корупцијата и организираниот криминал веќе се креирани со помош на претходните национални политики, оваа стратегија ќе даде дополнителен придонес за правосудниот сектор во напорите за спречување на корупцијата и борбата против организираниот криминал. Особено, ќе бидат развиени внатрешните механизми за зголемување на судството и обвинителството, како дел од институционалниот развој на овие две клучни засегнати страни. Покрај тоа, ќе се води сметка за развојот на институционалните капацитети на обвинителите за  ефективно да ги водат истрагите  за корупција и организиран криминал. Покрај тоа, поголема примена на истражување, анализи и управување со ризик и водење политики за откривање и спречување на криминалот ќе биде спроведена, заедно со поголема фактичка контрола на истражно-извршните служби од страна на обвинителството и подобрена меѓуинсттитуционална соработка во откривање и спречување на криминалот на домашно и меѓународно ниво. Покрај тоа, ќе треба да се подобри материјалната и процесната законска рамка со цел да се доближи земјата до кривично правните законодавството на ЕУ, а особено до законската регулатива од областа на борба против организираниот криминал. Заеднички стандарди во материјалното и процесното казнено право, ќе ја олеснат судската соработка во кривичната материја, како и ќе изградат поблиска соработка со Европравда, други EУ агенции и земји-членки.

Конечно, за унапредување на системот за управување со затворите е неопходно со цел да се постигне подобра рамнотежа помеѓу интересите за превенција од криминал, од една страна, и  рехабилитација и ресоцијализација од друга страна. Овие интервенции треба да влијаат и вр сеопфатното подобрување на затворските услови и развојот на ефективни механизми за истрагата на лошо постапување. Освен тоа, недостатокот на индивидуализиран, пристап до докази за превенција на криминалот, рехабилитација и ресоцијализација сведочи за не користењето на алтернативните санкции и мерки. Новиот Закон за пробација ги разгледува овие прашање, а предвидува 4 форми на условна казна: истражна- обезбедува информации и оценување на судството, надзор на сторителите во заедницата врз основа на судска наредба, пенитенцијарна пробација со подготовка на затворениците за отупст, и условен отпуст со заштитен надзор. Оваа стратегија се фокусира на развојот од функционален модерен пробациски орган во согласност со европските стандарди и најдобри практики. За што е потребна ефективна соработка со судството, обвинителството и голем број на институции кои може да обезбедат соодветни услуги за рехабилитација и да се справуваагт со сторителите, вклучувајќи ги министерството за здравство, внатрешни работи и социјална политика, локалните власти и граѓанските организации. Сеопфатниот институционален развој на пробацијата ќе бара подобрувања во регулаторната рамка, подобрено управување и обучени човечки ресурси, напредна инфраструктура како што се канцеларии и информациски системи, современи методи за интервенција и процеси, како и увид во инспекцијата и ефикасноста на управувањето. Работен план ќе биде подготвен за да се идентификуваат потребните ресурси“.

Стратегијата за пристапот до правдата и транспарентноста

„Целта е зајакнување на Адвокатската комора и другите приватни правни институции вклучувајќи ги и нотарите и извршителите, за да ги исполнат своите улоги во правниот систем кој го почитува владеењето на правото, еднаквоста на оружјето, процедурална праведност, и другите човекови права. Приватните правни професии треба во целост да го развијат нивниот капацитет да работат како ефективни тела, кои управуваат со соодветните професии и ги претставуваат колективните интереси на адвокатите. Ова може да се постигне преку вежби за развивање на институциите, зајакнување на етиката и дисциплинските системи, како и развивање на почетни и континуирани системи за обука, така што тие ќе играат клучна улога во подигнувањето на професионалните квалификации. Ова ќе овозможи на адвокатската комора и другите здруженија нa правници оптимално да ја одиграат својата улога во едно демократско општество засновано на владеењето на правото, во согласност со меѓународните стандарди и стандардите на Европската унија. Со цел целосно и праведно да ги застапуваат нивните клиенти, неопходно е тие да имаат соодветна заштита и голем број на привилегии. Тие вклучуваат социо-економски, финансиски / фискални и оперативни права, како што се заштита на адвокат клиент привилегија (вклучувајќи и доверливост). Исто така потребно е да се зајакне управувањето на информации и системот за е-правда, за подобрување на пристапот до информации, комуникација и транспарентност.

Оваа глава, исто така, планира да го зајакне и прошири системот за правна помош, со тоа што обезбедува брзо и ефикасно застапување на сите обвинети и притворени лица, и ги штити нивните основни права, особено правата на одбрана и правично судење. Работата за зајакнување на системот за правна помош започнува со законските и регулаторните реформи, со цел да се зајакне рамката за обезбедување на услуги, особено застапување и во дополнителни области надвор од кривичното право, односно граѓански и управни предмети, и на регионално ниво . Ова исто така вклучува и вмрежување помеѓу центрите за правна помош, регионално поврзување, и подигање на јавната свест. Со цел да се подобри квалитетот на услугите за правна помош и да се обезбеди контрола на квалитетот, потребно е да се развие и прошири системот за обука. Контрола на квалитетот во текот на извршувањето на адвокатската правна помош, исто така, треба да продолжи да се зајакнува. Анализа на информации и управување, како и подигање на свеста на јавноста, се од суштинско значење за оптимално функционирање на системот за правна помош. Конечно, потребно е да се идентификува и да се обезбеди долгорочна финансиска одржливост на системот за правна помош, преку државните и приватните фондови.

Конечно, целта на ова поглавје е да се обезбеди пристапот на поединците во судскиот систем и информации, во транспарентна атмосфера, која го промовира учеството и надзорот, и ги минимизира корупцијата и злоупотребата на службената должност. Промовирање на транспарентноста започнува со силен и применлив систем во однос на слободата на информирањето, кој, исто така, се рефлектира на системот за заштита на државни тајни. Само преку правно заснован пристап до информации, кој ќе се почитува и следи преку здрави процедури, граѓаните можат да утврдат колку добро правниот систем ги почитува нивните права. Транспарентноста и јавноста во процесот на донесување одлуки, исто така, е од суштинско значење. Ова вклучува отворен пристап до судските постапки и одлуки, отворено владеење на правни институции, здрав режим за клевета, кој не се злоупотребува за сузбивање на правата, и конкретна заштита за новинарите со што медиумите можат да ја исполнат својата улога на чувари на јавниот интерес. Исто така потребна е транспарентна и отворена комуникација помеѓу судовите и медиумите, со што информациските канали остануваат отворени, овозможувајќи јавен пристап до широк спектар на извори и перспективи за информации“.

Стратегијата за управното судство

„Управното правосудство е дел од целокупниот правосуден систем во земјата. Првично преставено во 1977 година преку Законот за управните спорови во рамките на СФРЈ, единствен надлежен суд за водење на управните спорови до 2006 година беше Врховниот суд. Одделна надлежност за првпат беше воспоставена во 2006 година како дел од првата позначајна реформа на правосудството во Република Македонија, за правпат се воспоставува управно правосудство, првично со основање на Управниот суд, а потоа со основањето на Вишиот управен суд во 2010 година. Овој процес и овозможи на Република Македонија да ги намали степените во управната постапка преку забележително укинување на т.н. второстепени владини комисии. Овој чекор исто така ја зајакна позицијата на административните судови преку надзорната улога врз управните тела.  Додека овој процес ги скрати постапките на јавната администрација, тој исто така доведе до зголемување на бројот на предмети пред управните судови што изискува поголеми човечки и технички капацитети.

Во 2012 година Собранието донесе закон со кој беше основана Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен додека подоцна и беа зголемени надлежностите на оваа Комисија. Дотолку повеќе, во 2015 година беше формирана и Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.Поради растечкиот обем на работата и можноста за понатамошна постапка административните тела ја зголемија бројноста на својот кадар. Во исто време, Управниот суд и Вишиот управен суд скоро и да немаат доволно стручни соработници. Исто така постои недостиг и на просторни услови за нормално функционирање.

Понатаму, управното правосудство и другите органи исто така се соочуваат со голем проблем поради недостаток на интероперабилност која е предуслов за поголема ефикасност и ефективност на правосудните органи. Поголема институционална комуникација помеѓу административните органи и судовите изискува брз одговор. Дополнително на тоа, потребна е јасна поделба на надлежностите на сите релевантни органи во областа на прекршоците со што ќе се зголеми јасноста и предвидливоста во постапување на органите како и правичноста во судските постапки.

Новоформираните второстепени комисии исто тако изискуваат сеопфатно градење на капацитетите, како и зголемување на интероперабилноста со другите административни органи и судови. Поголемата јасност и предвидливост на надлежноста на комисиите ќе ја зголеми нивната ефикасност и ефективност. Поголемата јавност и транспарентност во донесувањето на одлуките на административните органи, второстепените комисии и управните судови исто така ќе мора да се следи преку поконзистентна пракса во рамките на управното правосудство. Посебни одделенија ќе бидат формирани и во Управниот суд и во Вишиот управен суд со цел да развиваат алатки и механизми за поголема униформираност на праксата. Дополнително, овие посебни одделенија ќе обезбедат поголема комуникација и пристапност до праксата на управните судови“.

Стратегијата за секторската политика и реформска координација

„Стратешкото планирање, креирање политики, координацијата на секторските реформи, истражувањето и анализата на капацитетите на институциите од правосудниот сектор, треба значително да се зајакнат, со цел за посеопфатен и долгорочен пристап на подобрување на секторските реформи и перформанси. На овој начин, ќе се  ќе се овозможи донесување на законски решенија, врз основа на развиени анализи на законските празнини, на оцена на влијанието, приближување кон правото на ЕУ и меѓународните механизми за правна соработка. МП, особено, треба да ја зајакне својата улога како клучен чинител и централен орган за креирање на политики за целиот правосуден сектор, со зацврстување на неговата улога во регулацијата и надзорот на различни државни и приватни сегменти од управувањето со правосудниот систем“.

 Стратегијата за Е-правда

Од 2007 година, земјата има постигнато значителен напредок во состојбата на информациските системи (ИС) и е-правда, вклучувајќи подобрување на компјутерската опрема и хардвер на судовите и регистрите, софтвер, со системите за регистрација и управување на предметите, како и електронските комуникациски канали во рамките на системот на судовите. Е-правда има значителен напредок со воведувањето на системот за управување со предметите и информациските системи, АКМИС, регистри за судии и систем за следење на ефикасноста, ABMs систем за сметководство и буџетирање, развој на веб-сајтови на судот, како и опрема за некои од судови со аудио снимање, хардвер и софтвер и ЈО, воведувањето на системот за е-испорака и е-услуги на судските одлуки, развој на веб-сајтови на судот. Сите овие чекори се клучни за да се обезбеди поголема видливост, транспарентност и ефикасност на судството. Во исто време, со оглед на потребата постојано да се надополнува ИКТ инфраструктурата и со оглед на нејзиното ограничено постоење, нема доволно финансиски средства и механизми за да се обезбеди одржливост на овие напори. Исто така, условите за стандардизација и одржливост во спроведување на разни надградби не се исполнети поради ад хок пристапот на донаторите во процесот на селекција.

Додека правосудните институции вработуваат голем број на ИТ експерти, информациските системи главно остануваат некоординирани, бидејќи ИС не е во ничија сопственост и е основана во стратешки, оперативни и одржливи нивоа. Недостатокот на координација резултираше со недоволно користење на ИТ кадарот. Со оглед на сличностите помеѓу функциите кои треба да бидат извршени од страна на различни тела на правосудниот сектор, развојот на ефикасно координативно тело за целиот сектор е најважен приоритет. Покрај тоа, мора да се постават организациски и финансиски механизми за континуирана надградба на хардверот, софтверот и мрежната инфраструктура.Оваа стратегија се очекува да пристапи кон замена на програми и опрема до 25% со цел да обезбеди употреба на постоечките системи, следејќи го брзото развивање на стандарди и норми за овој вид на замена. Системитеза управување со предметите (АКМИС и други) треба да се надградат или заменат со нови, state-of-the-art верзии со кои ќе се прошири опсегот на работните процеси и ќе се развијат дополнителни функционалности. Веб-сајтовите на судовите и во правниот сектор се сеуште нецелосниво нивните кориснички интерфејси и содржина, со што алатките за пребарување на судската практика не се ефективни.Надградбата на веб-сајтовите на правосудниот сектор не само што е од суштинско значење за да се се обезбедат практични и ефикасни алатки за правната заедница и не само што ќе овозможи пристап до судската пракса и соодветната регулаторна рамка, но, исто така, ќе го зголеми капацитетот на секторот во комуникацијата со јавноста.Со цел да е во чекор со технолошкиот развој и постојаното менување на потребите на секторот, стратегијата ќе  обезбеди континуирано следење и имплементација на иновативни технолошки решенија за анализа на податоците, софистицирани машини за пребарување, портали и интерактивни веб-сајтови, со можност за директна комуникација со посетителите. Покрај тоа, ова ќе ја зголеми можностите за учење на далечина и образование по пат на користење на електронските библиотеки и аналитичките алатки.

Меѓу- секторска комуникација и соработка – на институционално ниво и со инкорпорирање на различни институции во рамките на правосудниот сектор – ќе создаде услови за изработка на поефикасни институционални процеси.Ова се однесува на можноста за електронска размена на разни документи, информации и заеднички работи на различни проекти.Стратегијата ќе предвиди создавање на state-of-the-art алатки и ресурси за работа и комуникација, управување на институционалните работни процеси (ERP / МИС системи), и организирање на разни институции (преку интранет и претпријатие деловна соработка). Сите овие познати технологии и услуги значително ќе ја подобрат ефикасноста на правните институциите. Конечно, развојот на информациските системи во судството ќе создадат услови за компјутерско и информатичко поврзување на сите институции, ќе ја подобрат интероперабилноста со останатите држави и приватни лица, ЕУ членки и институции“.

М.В / veljanoskim@akademik.mk

9.12.2015