/ Прочитано:

2.262

Студенти од Правниот факултет при УГД на регионален натпревар за постапката пред ЕСЧП

Студентите од Правниот факултет при УГД учествуваа на седмиот регионален натпревар за познавање на постапката пред Европскиот суд за човекови права и на Европската конвенција за човекови права.

„Во тимот на апликантите се натпреваруваа Ана Здравева, Аљоша Кацаров и Филип Кулаков, со Иван Ангеловиќ како резерва. Во тимот на респондентите застапници на државата беа Кристијан Панев, Елена Тасева и Ивана Стојанова, со Дејан Михајлов како резерва“, известуваат од Правниот факултет при УГД.

Ментори на студентите беа доц. д-р Дејан Маролов и ас. д-р Елена Максимова. На натпреварот учествуваа осум правни факултети од три држави во регионот.

Студентите одлично го претставија Универзитетот „Гоце Делчев“ и имаа одлични излагања. На крајот на натпреварот го освоија петтото место во многу силна конкуренција на регионални универзитети. УГД веќе традиционално учествува на овие натпревари на кои судии се експерти и судии од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

М.В