/ Прочитано:

830

Студенти од Правниот факултет во „герила акција“: Заслужуваме домови кои не се извор на болести

Студентите од  „Јустинијан Први“ во акција: Заслужуваме домови кои не се извор на болести   „Студентите заслужуваат човечки услови за живеење во студентските домови.Студентите заслужуваат домови кои не се извор на болести.Ние не чекаме избори. Длабоко во 21-от век, илјадници македонски студенти сè уште живеат во услови кои можат да се опишат како хорор-филм. Во скопските домови, кои се изградени уште пред 30 или 40 години, дотраени и неодржувани, живеат идните академски граѓани – надежта на оваа земја“, порачуваат студентите, како дел од Студентскиот пленум. Покрај барањата за подобри услови во домовите, студентите истакнуваат дека и Студентскиот парламент на факултетот се состанувал минимум 10 пати годишно. „Според правните документи, седниците се јавни и се отворени за студентската јавност. Иако седниците треба да бидат јавни, сепак парламентите на факултетите воопшто не спроведуваат информации за датумот на одржување на седниците, со што се ограничуваат студентите да присуствуваат на овие седници. Потребно е предвидување на одредби што ќе се случи со Студентскиот парламент на факултетот кога тој не се состанува или не е продуктивен“, истакнуваат од Студентскиот пленум на Правниот факултет „Јустинијан Први“.