/ Прочитано:

3.879

Студентите на Правниот факултет при УГД освоија второ место на натпревар пред Европскиот суд за човековите права

Студентите во неколку сесии ги покажуваа своeто знаење и умешност за снаоѓање во нови ситуации при бранење на човековите права пред престижни судии, практичари во работата на Европскиот суд за човековите права, со долгогодишна кариера. Студентите на УГД претставени преку клубот „A fortiori“ го вложија својот максимум и оставија одличен впечаток пред комисиите за оцена и другите колеги и го освоија второто место.

Студентите од Правниот факултет „Гоце Делчев“, кои минатата недела заминаа во Ниш на натпреварот „Мoot Court FUTURA“ за познавање на постапката пред Европскиот суд за човековите права (ЕСЧП) и познавање и владеење на Европската конвенција за човековите права, освоија второ место.

Студентите во неколку сесии ги покажуваа своeто знаење и умешност за снаоѓање во нови ситуации при бранење на човековите права пред престижни судии, практичари во работата на Европскиот суд за човековите права, со долгогодишна кариера. Студентите на УГД претставени преку клубот „A fortiori“ го вложија својот максимум и оставија одличен впечаток пред комисиите за оцена и другите колеги и го освоија второто место.

Прв беше клубот „Горгија“ од Правниот факултет во Зеница, трет клубот „Димитрије Давидовиќ“ од Крагуевац, четврти клубот „Џемал Биедиќ“ од Правниот факултет во Мостар, а петти клубот „Титус Флавиус Орестес“ од Правниот факултет при Универзитет „Св. Климент Охридски“ во Битола.

Шестата регионална „Moot Court FUTURA“ годинава се одржа во Апелациониот суд во Ниш, а учество зедоа пет правни факултети од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

Инаку, станува збор за регионален натпревар „МООТ COURT“ пред ЕСЧП, кој се состои во изведување на симулирани судења на зададен  хипотетички случај, каде што студентите се најдоа и во улога на подносители на претставка и ги бранеа своите ставови и оправданоста во согласност со правото, а и во улога на респондети, тужена држава, која со сета правна аргументација мораше да ги побие наводите на тужителот. Тимовите симулираа вкрстено со други факултети, стекнувајќи се притоа со уште поголемо знаење и искуство во областа. Се здобија со сертификати за десетнеделен курс за Европската конвенција за човековите права и јуриспруденција пред Европскиот суд за човековите права, како и сертификат за освоено второ место.

Студентите беа тренирани и предводени од менторите: проф. д-р Страшко Стојановски, доцент д-р Дејан Маролов и асистент-докторанд Елена Максимова од Правниот факултет. Во улога на правен застапник на апликантот беше тимот од студентите: Анастазија Коцева, Наташа Донева и Ристе Чанев, а како застапници на одбраната се појави тимот од студентите: Рената Митрева, Мартина Георгиева и Ристе Лазаров.