/ Прочитано:

5.740

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ објави фотографии од реновираните простории за студентите

„Почнува внатрешното уредување во реконструираните блокови В и Г во Студентскиот дом ‘Гоце Делчев’. Проектот со изработка на мебел во брачните, двокреветните и апсолвентските соби, и за влезниот хол во Студентскиот дом ‘Гоце Делчев’, блок В и Г, е изработен според барање и насоки од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Комплетното уредување се однесува на 2 влезни хола, 16 брачни соби, 256 двокреветни и 64 апсолвентски.

Проектираниот мебел е дизајниран според затекнатата реконструирана и адаптирана состојба на собите, задржан е иницијалниот функционален концепт и обезбедени се основните услови за потребите на корисниците на собите. Секоја соба вклучува кревет, работна маса, работен стол, гардеробер, елементи за одложување на облека, предмети, постелнина и книги, како и флексибилен стол“, соопштуваат од Студентскиот дом.

М.В