/ Прочитано:

1.108

СТУДЕНТСКИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ СО СВОЈА ВЕБ-СТРАНИЦА

Студентскиот правобранител доби своја веб-страница. Создавањето на веб-страницата произлезе, пред сѐ, од потребата за зголемување на информираноста на студентите за нивните права и обврски, вели за Академик, студентскиот правобранител, Васка Бојаџи.

akad 4

На веб-страницата, покрај информациите за правните акти, надлежностите и новостите за работењето на студентскиот правобранител, во делот на студентските права има и информации за стекнувањето статус студент, за престанокот на статусот студент, за губењето на статусот студент во државна квота, за ослободување од плаќање партиципација, за правото на дополнителни испитни рокови, за проверка на знаењето и за испитните рокови

Исто така, на веб-страницата се објавени и информации за прашањата кога се бара помош од Студентскиот правобранител, како се поднесува претставка (барање за постапување), како може да ми помогне студентскиот правобранител и во кои случаи студентскиот правобранител ќе го отфрли барањето.

„Создавањето на оваа веб-страница произлезе пред сѐ од потребата за зголемување на информираноста на студентите за нивните права и обврски, како и за улогата на студентскиот правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Сигурна сум дека ќе има и значаен придонес во унапредувањето на достапноста и транспарентноста на работата на студентскиот правобранител“, вели студентскиот правобранител Васка Бојаџи.

Бојаџи појаснува дека веб-страницата претставува платформа на Интернет од која студентите можат да добијат информации за надлежноста на студентскиот правобранител и за постапката за заштита на студентските права, за начинот на избор и за водечките принципи на работа, за релевантните правни акти во кои се инкорпорирани правилата на студирање, како и за тековните активности на правобранителот и замениците.

„Најкорисен за студентите очекувам дека ќе биде делот насловен ‘студентски права и обврски’. Тргнувајќи од моето досегашно искуство во решавањето на секојдневните студентски проблеми, се обидов на сумарен начин да ги прикажам одговорите на најпоставуваните прашања од страна на студентите, поврзани со начинот на проверка на знаењето, со можностите за ослободување од плаќање партиципација, со правото на увид, приговор за оценката и други аспекти од студирањето“, истакнува студентскиот правобранител.

http://www.pravobranitel.ukim.edu.mk/

М.В