/Прочитано:

1.094

СТУДИЈА НА АНАЛИТИКА: „Како до финансиска транспарентност и отчетност на институциите и компаниите во енергетскиот сектор во Република Македонија“

Државните институции директно инволвирани во енергетскиот сектор како Секторот за енергетика при Министерството за економија и Агенцијата за енергетика, понатаму независното тело Регулаторна комисија за енергетика, државните компании за производство и пренос на електрична енергија АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО, како и Собранието на Република Македонија и тоа конкретно Комисиите за економски прашања и финансирање и буџет се затворени кога се работи за односи со јавноста.

 Ова е случај особено кога станува збор за финансиското работење, како и тоа дека транспарентноста и отечноста се повеќе исклучок отколку правило во нивното работење.

Како главни недостатоци и проблеми кои беа идентификувани при анализата на работата на  институциите и државните компании  се:

Генерални – необјавување годишни програми со финансиски планови; необјавување на годишни извештаи со детални финансиски анализи на потрошените средства во претходната година; необјавување на внатрешни и надворешни ревизорски извештаи; таму каде што има извештаи – неконзистентност низ годините при известувањето како во формата така и во содржината на извештаите; непрецизни буџети, кои што исто така не се доволно јасни за пошироката јавност; проблеми со водењето на сметководствата; непрецизни закони кои се однесуваат на овој сектор посебно Законот за енергетика како и Законите за државна помош, јавни набавки, заштита на конкуренцијата; проблеми со тендерите и јавните набавки т.е. непочитување на пропишаните законски процедури; необјавување на дадените тендери како и остварените јавни набавки на своите веб страници; непроследување на откриени недостатоци во работењето – непознатост што се случува со одредени случаи откако ќе се откријат и упатат до надлежните институции како МВР, Јавно обвинителство, итн; предолги процедури откако ќе се утврдат недостатоци во работењето; мали казни за тие што ги сториле прекршоците; немање законска обврска за постапување по наодите на државниот ревизор; нетранспарентна државна помош за енергетските државни компании; недоволно известување по медиумите особено за случаите каде што се откриени недостатоци при работењето;

За одделни институции – проблематична (не)зависност на Регулаторната Комисија за енергетика и нејасна позиција во системот на Агенцијата за енергетика; недоволна вклученост на Собранието на РМ во одлучувањето по енергетските прашања; нетранспарентност на Секторот за енергетика при Министерството за економија, без ниту еден податок или информација објавени на интернет страницата на министерството;пронајдени неправилности во начинот и постапките за доделување на договори за одредени јавни набавки и реализација на склучените договори кај ЕЛЕМ; финансиска нетранспарентост со таканаречените проекти од општествен интерес на МЕПСО и ЕЛЕМ, нејаснотии околу оправданоста, недоволни расправи за користа од нивното имплементирање итн; слаб човечки и финансиски капацитет кај оние институции кои би требало да вршат некаков надзор како Комисијата за заштита на конкуренцијата и Државната комисијата за спречување на корупција.

„Како до финансиска транспарентност и отчетност на институциите и компаниите во енеретскиот сектор во Република Македонија“

Оваа студија е изработена од Соња Зубер и други во рамките на проектот Акциска мрежа за добро владеење кој што е финансиран од Европската комисија преку програмата IPA CIVIL SOCIETY FACILITY (CSF) 2012-2013, како дел од потпроектот “Следење на тендери, јавни набавки и буџетирањето во енергетскиот сектор на Македонија“