/ Прочитано:

1.287

СУДЕЊЕ „Бришач 1“: Неуспешен старт на судењето

Вторник, 8 мај 2012 – На самиот старт кочница за предметот  „Бришач 1“ поради отсуство на дел од обвинетите и бранителите. Во предметот за случајот  „Бришач 1“ обвинети се  26 лица, меѓу кои еден е малолетник, а едно лице се наоѓа во бегство.

Со акцијата „Бришач“ уапсени беа 56 лица,  станува збор за поранешни и сегашни полициски службеници од Одделението за вршење увид на сообраќајни незгоди, крим техничари за сообраќај, но и лица учесници во фингираните сообраќајки. Според обвинението тие местеле стари и ошететени автомобили на патот во положба како да се случило удар. Потоа се јавувале во 192 и пријавувале сообраќајна незгода. Доаѓале обвинетите полицајци и правеле лажни записници за извршен увид и скици од увидот. Истиот записник се праќал во осигурителните компании, поднесувале пријави за надомест на штета од каско осигурувањето на возилото, осигурување од автоодговорност, барале наплата на материјални и нематеријални штети. Откако ќе се завршела целата процедува со осигурителните компании им била исплаќана оштета. Обвинителство ги товари за злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување службена исправа, помагање, осигурителна измама. Бидејки се водени две истраги, обвинетите се поделени во два предмети.

>> Предметот целосно проследете го тука.


Тек на рочиштето

10:23 – Поради отсуство на дел од обвинетите и бранителите, судот одлучи да го одложи рочиштето. Предметот се води против 26 лица од кои обвинетиот Жарко Ѓоргиевски се наоѓа во бегство, 3-ца се во затворски притвор во Скопје и Прилеп, а 11- мина се во домашен притвор. Интересен е фактот што обвинетиот кој се наоѓа  во истражниот затвор во Шутка не е спроведен, а двајцата кои се наоѓаат во Прилеп се присустни на рочиштето. Малолетникот М.Ј. кој исто така е отсутен се наоѓа во куќен притвор, но за друго кривично дело – со ова не беше запознаен ниту неговиот адвокат, ниту пак судот. Судењето продолжува на 17 мај во 10:00 часот.

10:14 – Рочиштето почна.

10:04- Поради недостиг простор во Основниот суд Скопје 1, гужва во судница во Апелациониот суд Скопје. Големи се изгледите рочиштето да се одржи.