/ Прочитано:

1.782

СУДЕЊЕ „Детонатор“: Рочиштето одложено од технички причини

Вторник, 28 мај 2013 – Рочиштето се одложи за утре во 10:30 часот поради немање на слободна судница за одржување на главниот претрес. Инаку доказната постапка е пред самиот крај. Судот утре ќе одлучува и ќе ги разгледува поднесоците од страна на одбраната за продолжение на доказната постапка. Минатиот пат, Јавното обвинителство го повлече обвинителниот предлог против Марија Ќорпашева, а во однос на останатите обвинети изврши измени и спојување на обинителниот предлог и обвинителниот акт во единствен пречистен текст, со цел прецизирање на деталите.

>> Повлечен обвинителниот предлог против Марија Ќорпашева

Најпрвин, предметот се водеше против 16 обвинети кои беа уапсени во акцијата на МВР, „Детонатор“. Обвинителството ги гони за обид за убиство, злосторничко здружување, перење пари, затајување на данок, лихварство, насилство и измама. Двајца од обвинетите се наоѓаат во бегство. Во текот на процесот следeше ново обвинение и нов обвинителен предлог. Новото обвинение ги ослободи од вина Сашко Стоименов и Горан Наунов, додека со новиот обвинителен предлог се опфатени две нови лица од Виница. Во предлогот стои дека првообвинетиот Игор Горански заедно со второобвинетиот кој е во бегство, Сашко Стојчев и двете лица од Виница,  Марија Ќорпашева и Столе Трпевски, создале и припаѓале на злосторничка група која се занимава со лихварство. Според сегашниот обвинителниот предлог, обвинетите ја искористувале тешката материјална состојба на своите граѓани, давале позајмици и наплатувале високи месечни камати. Обвинителството исто така ги товари дел обвинетите за нелегален шверц на покер апарати, како и за обид за убиство на Драганчо Стоименов.

Полициска опсада во неколку градови во источниот дел на Македонија резултираше со 13 разрешени полициски началници и командири, запленети 1000 покер апарати и решетки за 14 лица.

>> Предметот целосно проследете го тука.