/ Прочитано:

2.242

Судење „Детонатор“: Рочиштето се одложи, не се појави ниту еден сведок

Среда, 14 ноември 2012 – Денешното рочиште се одложи поради тоа што во судот не се појави ниту еден од сведоците. За денеска беше предвидено неколку лица пред судскиот совет да ја раскажат нивната приватна и службена поврзаност со обвинетите. На минатото рочиште од исказот на еден од сведоците се утврди дека и оштетениот Драганчо Стоименов поседувал агенција за обезбедување.

>> И оштетениот Драганчо Стоименов обезбедувал локали во Кочани

Првообвинетиот Игор Горански со одбраната (лево: адв.Љубомир Михајловски, десно: адв.Дончо Наков)

Предметот се води против 16 обвинети кои беа уапсени во акцијата на МВР, „Детонатор“. Обвинителството ги гони за обид за убиство, злосторничко здружување, перење пари, затајување на данок, лихварство, насилство и измама. Двајца од обвинетите се наоѓаат во бегство. >> Предметот за случајот Детонатор проследете го тука.

Тек на рочиштето

10:30 – На денешното рочиште не се појави ниту еден од сведoците. Судијката Весна Димишковска го одложи судењето за 28.11.2012 година во 10:30 часот.