/ Прочитано:

1.566

Судење „Детонатор“: Судењето се одложи, сведоците наредниот пат ќе раскажуваат за нивната поврзаност со обвинетите

Среда, 28 ноември 2012 – Судењето е одложено за 30.11.2012 година. Денеска требаше сведоците тие да ја раскажат нивната приватна и службена поврзаност со обвинетите. На едно од изминатите рочишта од исказот на еден од сведоците се утврди дека и оштетениот Драганчо Стоименов поседувал агенција за обезбедување која обезбедувала локали во Кочани. Она што може да се забележи е дека исказите на дел од сведоците се спротивни на оние дадени во истрага. Во истрага посочуваат дека договорите за обезбедување со обвинетите ги потпишувале под притисок, додека во суд тврдат дека истите биле потпишани доброволно. 

>> И оштетениот Драганчо Стоименов обезбедувал локали во Кочани

Првообвинетиот Игор Горански со одбраната (лево: адв.Љубомир Михајловски, десно: адв.Донче Наков)

Предметот се води против 16 обвинети кои беа уапсени во акцијата на МВР, „Детонатор“. Обвинителството ги гони за обид за убиство, злосторничко здружување, перење пари, затајување на данок, лихварство, насилство и измама. Двајца од обвинетите се наоѓаат во бегство.

>> Предметот за случајот „Детонатор“ проследете го тука. 

Тек на рочиштето

10:30 – Судењето е одложено за 30.11.2012 година во 10:30 часотДенеска требаше сведоците тие да ја раскажат нивната приватна и службена поврзаност со обвинетите. На едно од изминатите рочишта од исказот на еден од сведоците се утврди дека и оштетениот Драганчо Стоименов поседувал агенција за обезбедување која обезбедувала локали во Кочани. Она што може да се забележи е дека исказите на дел од сведоците се спротивни на оние дадени во истрага. Во истрага посочуваат дека договорите за обезбедување со обвинетите ги потпишувале под притисок, додека во суд тврдат дека истите биле потпишани доброволно.