/ Прочитано:

1.177

СУДЕЊЕ „Фими медиа“:„Хрватски пошти“ беа приморани да го покријат долгот на ХДЗ преку користење на услугите на „Фими медиа“, тврди поранешниот шеф на ова препријатие

Понеделник, 10 септември 2012 – Сведочеше поранешниот претседател на управата на Хрватски пошти“ (ХП), Андреј Сарделич. Сарделич во својот исказ наведе дека ХП биле приморани да ги користат услугите на маркетинг агенцијата Фими медиа“ , поради долгот на ХДЗ кон оваа фирма што изнесувал повеќе од 1,5 милиони куни. 

Сарделич објасни дека во 2006 година, на еден состанок, тогашниот министер за транспорт и врски, Божидар Калмета го запознал со Младен Баришиќ поранешниот благајник на ХДЗ и екс-директор на Хрватската царина, кој од него побарал сите маркетиншки услуги за ХП да ги обавува маркетинг агенцијата „Фими медиа“. На овој состанок присуствувал и Иван Јарњак, поранешниот секретар на ХДЗ кој според сведочењето на Сарделич му се заканил дека ќе биде разрешен доколку биде непослушен. Така во 2006 година „Фими медиа“ имала две големи соработки со ХП. Иако во 2007 година, а според предвиденото соработката требала да се интензивира, но како што вели Сарделич тој тоа го одбил ова, со објаснување дека не може цел маркетинг буџет на ХП да оди за една компанија. Според сведокот, неслужбено, ова била причината за неговото разрешување.

Иако беше предвидено  денеска да сведочи и Божидар Лонгин, член на управата на „Хрватски шуми“, тој од оправдани причини не се појави на рочиштето. Судењето продолжува утре за кога е предвидено е да сведочи Иван Мравак, поранешниот челник на „Хрватско електростопанство“.

„Фими медиа“

Првообвинет во овој предмет е екс-премиерот на Хрватска, Иво Санадер. Она што го прави историско судење е фактот што на клупата за обвинети, за прв пат седна и политичка партија, односно Хрватска демократска заедница (ХДЗ). Меѓу обвинетите се и поранешниот благајник на ХДЗ и екс-директор на хрватската Царинска управа – Младен Баришиќ, некогашниот портпарол на Владата на Хрватска – Ратко Мачек, сметководителот на ХДЗ – Бранка Павошевиќ и сопственичката на маркетинг агенцијата „Фими медиа“ – Невенка Јурак. УСКОК ги товари дека проневериле најмалку 10 милиони евра јавни пари за создавање црн фонд од  кој меѓу другото била наводно финансирана изборната кампања на ХДЗ . Дел од обвинетите ја признаа вината, а  има и такви кои ја признаа вината и се спогодија со УСКОК уште пред да почне судењето.

>> Прочитај повеќе за предметот.