/ Прочитано:

948

Судење „Јашари“: Оштетеното лице и очевидецот не се појавија во судот

Среда, 23 јануари 2013 – Денешното рочиште се одложи бидејќи во судот не дојдоа оштетениот Томица Стефков и уште еден очевидец кој кобниот ден биле во дворот на ДСУ „Здравко Цветковски“. За наредното рочиште судијата нареди стражарно приведување на сведоците, а најави и читање на завршните зборови на двете странки во постапката. 

Средина: првообвинетиот Петар Маневски, десно: адв.Ристо Петров

Обидувајќи се да го заштити другарот, матурантот Мухамедали Јашари заврши трагично поради удар од камен во градите во дворот на средното градежно училиште „Здравко Цветковски“, во април 2011 година. Според обвинението, Јашари го изгубил животот во обид да му помогне на својот другар кој влегол во тепачка со тројцата сега обвинети, односно да ги спречи истите да избегаат од училишниот двор. Обвинетите кои се на возраст од 17 до 19 години наводно дошле во училиштето за да ги расчистат сметките. Обвинителството ги гони за нанесување на тешки телесни повреди со смртни последици, а родителите на Јашари бараат тие да одговараат за убиство. Првообвинетиот Петар Маневски од неодамна е недостапен за органите на прогон.

>> Предметот за случајот Мухамед Али Јашари проследете го тука

Тек на рочиштето

11:10 – Судскиот процес продолжува на 20.02.2013 година во 11:00 часот со сведочењето на последните двајца сведоци и давањето на завршните зборови на странките во постапката.

10:50 – Судијата констатира дека во судот не се појавиле оштетениот Томица Стефков и очевидецот Алдин Васиќ, па предложи да се прочитаат нивните искази дадени во истражната постапка и со тоа да заврши доказната постапка. Но одбраната на првообвинетиот Петар Маневски, адвокат Ристо Петров не се согласи со овој предлог со образложение дека сведоците се очевидци и мора да се види нивната уверливост во сведочењата. Поради тоа судијата одлучи за следното рочиште стражарно да ги приведе сведоците, а странките ги задолжи да дојдат со подготвени завршни зборови со цел да не се одолговлекува постапката.

10:40 – Рочиштето почна.  Условите за одржување на главен претрес се исполнети.