/ Прочитано:

774

Судење „Калдрма“: Судењето формално продолжи со исказите на сведоците и доказите изведени на минатиот главен претрес

Понеделник, 28 јануари 2013 – Судијата формално ги утврди исказите на сведоците и изведените докази од претходниот главен претрес. Минатиот пат судскиот процес почнa од почеток поради промената на вториот судија во судскиот совет. 

>> Судскиот процес почнa од почеток, сите обвинети се во куќен притвор освен првообвинетиот

Обвинението по овој предмет е напишано на 400 страници, а преку него обвинителството ќе се обиде да докаже дека вработените во ЈП „Македонија Пат“ преку фалсификувани фискални сметки, организирано, три и пол години правеле криминал на 5 патарини што се наоѓаат на северо-јужниот транспортен Коридор 10, од Куманово па се до Гевгелија. Меѓу 86-те обвинети, во обвинителниот акт стои дека првите двајца обвинети го осмислиле планот и ги организирале останатите  обвинети. Поголемиот дел од обвинетите се наоѓаат во притвор. Според обвинителниот акт тие ја оштетиле државата за 1,8 милиони евра така што на патниците им издавале лажни  фискални сметки и парите оделе во приватни џебови.

>> Предметот за случајот „Калдрма“ проследете го тука.

Тек на рочиштето

10:05 – Судијата ги утврди исказите на сведоците и изведените докази од претходниот главен претрес. На следното рочиште закажано за 22.02.2013 година во 10:00 часот се очекува вештаците да дадат стручна анализа во однос на обвинителниот акт.

10:00 – Судењето почна. Исполнети се условите за одржување на главен претрес.

>> Почна тензично, заврши со радост, 27 обвинети решетките ги заменија со домашен кревет

>> Агенцијата за државни патишта бара оштета од 107 милиони денари, но на виделина излегоа слабостите на системот на наплата