/ Прочитано:

1.755

СУДЕЊЕ Метастаза: Посебните истражни мерки не ја докажаа вината, тврдат адвокатите во своите завршни зборови

Среда, 25 април 2012 – Метастаза е пред финиш. Адвокатите во судницата преку завршните зборови со прст посочија кон работата на обвинителството и употребата на посебните истражни мерки. За дел од одбраната телефонските разговори и пораките не можеле да ја докажат вината. Нееднаков третман на судот спрема адвокатите и обвинителот, оштетените се невработени и немаат 3000 илајди евра за мито, незаконски одбран сведок, ова се само дел од завршните зборови на одбраната.

 >> Предметот за случајот „Метастаза“ проследете го тука.


Тек на рочиштето

14:50 – Рочиштето заврши. Останатите адвокати завршни зборови ќе дадат  утре со почеток на рочиштето во 09:30 часот, и на останатите термини закажани за 04.05, 07.05 и 09.05.2012 година.

14:40 – Одбраната на обвинетата Виолета Паневска смета дека нема релевантни докази да се докаже вината дека обвинетата е дел од злосторничко здружување. Таа ниту професионално, ниту приватно, не ги познава останатите обвинети.

14:00 – Адвокатот на обвинетиот Зоран Божиновски смета дека има недостатоци во обвинението, обвинителството нема правно релевантни докази. Обвинителството поткупот се обидело да го докаже само според исказот на сведокот Трајко Стојков. За овој сведок одбраната смета дека е незаконски бидејќи кога зборувал по телефон со обвинетиот Божиновски споменувал пари затоа што знаел дека го снимаат. Ова адвокатот го смета за поттикнување и провоцирање на кривично дело.

13:50 – Адвокатот Антонио Апостолски бара ослободителна пресуда за Милчо Демерџиев и Едип Шејн.

13:35 – Одбраната на Живко Петковски вели дека не се докажало делото злосторничко здружување ниту дека обвинетиот се приклучил кон истото. Телефонските разговори од ПИМ имаат мала вредност бидејќи немало аудио вештачење за да се утврдат гласовите. Не се знае кога, како и каде обвинетиот Петковски ги земал и поделил парите со останатите.

13:15 – Адвокатот на обвинетиот Занко Николов, Стево Наумов го праша судот зошто лицето Трајко Стојков е сведок, кога тој навистина е болен и заслужува пензија?


12.35 – Пауза. Судењето ќе продолжи во 13:15.


11:20 – Адвокатот Јован Јоанидис кој ја брани обвинетата Лидија Аврамовска го праша судот како е можно на толку обемно обвинение, обвинителот да не одговори како е сторена злоупотребата? Со искористување или со несторување? Лидија не знаела дека документацијата е фалсификат. Според него барателите на пензија биле невработени па оттаму следствено  е дека тие немаат по 3000 евра за мито. Побара ослободителна пресуда за Лидија според чл.368 од ЗКП поради недостиг на докази на ЈО.

10:25 – Одбраната на Пане Георгиевски, адвокат Стерјо Зиков рече дека од 13 одлуки, Георгиевски донел 5 негативни, истите второстепената комија ги пренасочила. За него тоа е доволен доказ дека Георгиевски е невин. Зиков обвини за нееднаков третман на судијата спрема адвокатите и обвинителството бидејќи ЈО ги имале доказите, а одбраната само ги прелистала транскриптите.

10:05 – Адвокатот Антонио Апостолски, за обвинетиот Љубчо Петковски тврди дека во судскиот процес не се докажала вината на обвинетиот.

10:00 – Судењето почна.