/ Прочитано:

2.040

Судење „Метастаза“: Процесот финишира, пресуда за еден месец

Понеделник, 24 септември 2012 – Судскиот процес е пред самиот крај, денеска се закажа термин за објавување на пресудата. На 22 октомври ќе се прочита пресудата за 40 обвинети меѓу кои има доктори, службеници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, посредници на потенцијални баратели на инвалидски пензии. Во текот на процесот, обвинетите доктори и посредници негираа дека се криминалци, дел од нив со емотивно изјави, а дел се бранеа со молчење. За одбраната, доказите на обвинителството дека тие создале злосторничка група и ја злоупотребиле својата функција, односно примале мито за да издаваат инвалидски пензии, се неосновани. 

Според обвинението по предметот за случајот Метастаза, доктори и службеници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) и нивни посредници, за пари им посредувале на барателите на пензии да се стекнат со правото на користење на инвалидска пензија. Членовите на лекарските комисии и посредниците наводно барале од 1500 до 4000 евра. За секој барател сумата била различна во зависност од тоа каква документација треба да се извади. Групата дејствувала 2 години, а докторите и посредниците наводно заработиле 165.000 евра и го оштетиле Фондот на ПИОМ за 53.000 евра.

>> Предметот за случајот „Метастаза“ проследете го  тука.

Тек на рочиштето

10:20 – Следното рочиште е закажано за 22. 10. 2012 година во 10 часот, а се предвидува да се објави пресудата. 

10:10 – Бидејќи се поминати повеќе од 60 дена од распитот на обвинетите, рочиштето почна од почеток. За 10 минути судијата ги помина распитот на обвинети и доказната постапка. Бидејќи ниту еден од обвинетите немаше што да додаде во своја одбрана, ниту пак адвокатите и обвинителот немаат да предложат нови докази, судијата закажа датум за објавување на пресудата. 

10:05 – Рочиштето почна. Судијата ги нотираше присутните во судницата, условите за одржување на главен претрес се исполнети.