/ Прочитано:

1.200

Судење „Метастаза“: Рочиштето се одложи поради ненадејната смрт на в.д. претседателот на Кривичниот суд

Понеделник, 25 јуни 2012 –  Поради ненадејната смрт на Марјан Колишевски, в.д. претседателот  на Основен суд Скопје 1 Скопје, рочиштето е одложено за 28.06.2012 година во 10 часот.

На следното рочиште се очекува останатите обвинети да се изјаснат пред судот. Минатото рочиште беше одложено поради отсуство на тројца обвинети. Обвинетите  кои даваа завршен збор негираа дека се криминалци. Тие раскажуваа колку ја сакаат својата професија, со каков ентузијазам ја работеле истата. Сметаат дека Обвинителството нема докази против нив.

Во обвинението на предметот за случајот „Метастаза“ околу 40 доктори и службеници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, но и посредници се обвинети дека создале злосторничка група и ја злоупотребиле својата функција со цел примање на мито при издавање на инвалидски пензии.

>> Предметот „Метастаза“ целосно проследете го тука.


Тек на рочиштето

10:18 Поради ненадејната смрт на Марјан Колишевски, в.д. претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје, рочиштето е одложено за 28.06.2012 година во 10 часот.