/ Прочитано:

924

Судење Младиќ: Сведокот тврди дека војската на Младиќ убила 68 хрватски селани, кај Приједор

Среда, 5 септември 2012 – Сведокот на обвинителството, Илија Атилија, во судницата сведочел за нападот на српската војска врз неговото село во близина на Приједор. Според неговите зборови, српските сили убиле 68 хрватски селани, меѓу загинатите биле млади момчиња, жени и хендикепирани лица.

Поранешниот генерал според обвинението се товари за истребување на несрпско население од неколку босански општини меѓу кои е и општината Приједор. Освен за нехумано однесување, обвинителството го товари за убиства, неприсилно иселување и дека го достигнал нивото на геноцид само за да се уништат етничките групи на тие простори. Хашкото обвинителство за случувањата околу месноста Приједор го повикало сведокот Иво Атлија кој е од селото Бришево кое во екот на војната било нападното на 27 јули во 1992 година.

Во текот на сведочењето, сведокот дури и ги набројувал жртвите од неговото село, вкупно на број биле 68, од нив 14 жени, две малолетни деца, неколку инвалиди, а меѓу загинатите бил и неговиот татко. Сведокот ги посочил шестата краина и петтата козаречка бригада на војската на Република Српска како злосторници кои извршиле злосторство во неговото село.

По краткиот престој во притвор, Атлија учествувал во пронаоѓањето на жртвите од селото Бришево, сведочел дека многу од жените биле силувани, а куќите и католичките цркви запалени.

„Бришево немаше никаво стратешко значење за никого, има само неколку брда. Срамота е што толку народ загина без причина, рекол сведокот во судница“.

Сведочел дека за злосторството во Бришево разговарал и со претставник од Српската демократската партија во Приједор, Војо Купрешан.

„Без да спомене дека сторителите ќе се казнат, тој само вети дека ќе интервенира кај генералот Миомир Талиќ, командантот на првиот краински корпус, измачувањата да престанат“, рекол сведокот.

Атлија сведочел и дека во тоа време барал од градоначалникот на Приједор, Миомир Стакиќ да дозволи хрватското население да се исели, но тој не го дозволил тоа. Од Хашкиот трибунал градоначалникот е осуден на 40 години затвор, поради истребување на несрпско население.

„Добивте територија, неколку брда, пуштете не да се иселиме, нема потреба да умираат луѓе поради тоа. Побарав, но не ни дозволија да ја напуштиме територијата“, раскажувал сведокот за неговите случувања од летото во 92-рата.

На Хрватите и муслиманите им било дозволено да заминат во ноември 1992 година откако ќе потпишеле изјава дека целиот имот доброволно им го оставаат на Србите. Од преживеаните, според сведокот се уште  никој не е вратен во родното место, селото Бришево, кај Приједор.

Генерал Младиќ е обвинет за геноцид во Сребреница и седум босански општини, гранатирање врз населението на Сараево, терористичка кампања, напади со артилерија и снајпери, и земање на заложници, „сините шлемови“ на ОН, за време на 1992-1995 година.