/ Прочитано:

841

Судење Младиќ: Заштитениот сведок проговори за силувањата во Калиник

Четврток, 6 септември 2012 – Заштитениот сведок РМ-032 во хашката судница раскажала за силувањата на муслиманските жени  од страна на припадниците на српските сили, летото 1992 година во Калиник. 

Заштитениот сведок е жена која според нејзиното сведочење таа била притворена во училиштето во Калиник од јули до септември, 92-рата. На судиите им раскажала дека редовно униформирани српски војници одвојувале жени и девојки групата, ги силувале, а понекогаш жените и девојките не се ни враќале во училиштето.

Генералот Младиќ кој во тоа време бил командант на српската војска, освен за останатото, обвинет е и за прогонство на муслимани и Хрвати и нивно сексуално злоставување.

„Ќе ве убиеме“

Сведокот РМ-032 изјавила дека при крајот на август истата година, командантот Драган Кунарац кој го нарекувале „Жага“, одвел група од жени и девојки во непознат правец и тие никогаш не се вратиле во училиштето.

„Го прашав кога ќе се вратат девојките, тој ми одговори дека нема да се вратат. Го прашав, што ќе биде со нас?, а тој ми одговори: Ќе ве убиеме, исто како што убив 20 луѓе во магацините за барут!, изјавил сведокот.

За тоа злосторство минатата недела сведочел преживеаниот сведок Фејзија Хаџиќ. По зборовите на заштитениот сведок РМ-032, војниците кои ги силувале жените во училиштето во Калиник летото во 92-рата го убиле ветеринарот Хасанбеговиќ.

Бранителот на Младиќ, Драган Иветиќ сугерирал, а сведокот потврдил дека лицата кои што ги злоставувале жените и девојките не припаѓале на регуларната српска армија. За командантот Драган Кунарац кој го нарекувале Жага, сведокот рекол дека тој е припадник на „Белите орли“, а тоа го знае по самото кажување на командантот.

Судењето продолжува на 17 септември со изведување на сведоци предложени од обвинителството.