/ Прочитано:

767

СУДЕЊЕ „Монструм“: Продолжува доказната постапка

Четврток, 13 јуни 2013Судскиот процес продолжува со сослушување на сведоци на одбраната. На минатото рочиште, сведок кој одлежува казна во Идризово сведочеше дека во 2009-та, кога бил уапсен, полицијата го однела во полициската станица токму со возилото „Опел омега“, со кое според обвинението, убијците избегале од Смилковското зеро по петкратното убиство. Сведокот возилото го памети само по бојата, но не се сеќава на регистерските таблички. 

>> Иако го памети само по бојата, сведок тврди дека „Опелот“ им припаѓа на „Алфите“

Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди, Хаки Азири се обвинети за тероризам. Според обвинителството, тие на  на 12 април 2012 година во очи Велигден со цел да влеат страв кај македонското население и да се загрози безбедноста на земјата, со вкупно 21 истрел од калашников и пиштол ги усмртиле на лице место петте рибари кои ги затекнале кај Смилковското езеро. На обвинетите Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, им се суди во отсуство.

>> Предметот целосно можете да го проследите тука. 

Тек на рочиштето

>> Старт на главниот претрес во 10 часот.