Ратко Младиќ: Сведокот е шпион на ЦИА!

Вторник, 21 август 2012 – По годишните одмори, во Хаг продолжи судењето против лидерот на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој е обвинет за најголемите злосторства во Босна и Херцеговина. Процесот продолжува со сведочење на поранешниот воен репортер од британската телевизија „Скај Њуз“, Ернаут Ван Линден. 

Тој на судот му објаснил дека известувал за војната од Сараево, од мај па се до септември во 1992 година, подоцна на неколку наврати повторно службено бил во Сараево.  При една средба со генералот, го слушнал како зборува дека Сараево го држи на дланка. Додека обвинителот ги пуштал видео снимките во судницата, Младиќ со висок и возбуден глас извикувал дека репортерот е шпион на ЦИА и дека тој не ги пребројувал мртвите тела на српското население, пренесува „Вечерње новости“.

Додека судијата Молото се обидувал да го смири, Младиќ додал дека Босанците со секири  ги убивале Србите.

Во текот на вкрстеното испрашување, адвокатот на Младиќ, Бранко Лукиќ, кој го потсети сведокот дека на последното сведочење велел дека парламентот во Сараево бил погоден со граната. Адвокатот го прашал дали знае кол бил внатре во парламентот?

Парламентот се состои од 2 згради, еден облакодер и една пониска зграда од левата страна, одговорил сведокот. Јас се наоѓав во пониската зграда, која во моментот претставуваше фронт за војување. Зградата беше погодена, во тоа време парламентот не работеше, земјата се наоѓаше во воена состојба, одговорил сведокот.

Адвокатот повторно го потсетил  сведокот дека сведочел дека за испукување на артилерија се поставува една мета и се гаѓа само во неа. Бранителот уште еднаш го прашал дали тоа е постапката при гранатирање?

Едно лице може да се фокусира на повеќе мети. Но, мора да има оган кој ја држи целта постојано. Од воена гледна точка тоа нема смисла. Ако гаѓате со една граната, ви треба огромна среќа да ја погодите целта. Тоа го видовме на лице место во касарната „Маршал Тито“. Во почетокот немаше таков оган, но подоцна имаше, сведочел во судница, воениот репортер Ернаут Ван Линден